Фото: Dave's Garage

Дејв Пламер, кој со децении е препознатлив глас во заедницата на Windows развивачи преку неговиот YouTube канал „Dave’s Garage”, објави ново видео во кое покажува проект наречен TinyRetroPad, како негова верзија на класичниот Notepad, напишана целосно во x86 „асемблер“ и „собрана“ во само 2.686 бајти. 

Тоа значи дека целата апликација, со сите функции што ги имаше Notepad во времето на Windows XP, отворање и зачувување текст, барање и замена, автоматско пренесување ред и препознавање кратенки на тастатура, собира помалку простор од една просечна слика на веб страница.

Пламер го објави изворниот код на TinyRetroPad на GitHub под Apache 2.0 лиценца, а во меѓувреме додаде и дополнителни функции, како броеви на редови и темна тема, без притоа значително да ја зголеми големината на датотеката. 

Видеото е добра илустрација колку простор всушност заземаат основните функции на еден „текст-едитор“, наспроти сето она што модерните оперативни системи го додаваат околу нив.

Видеото може да се погледне во продолжение „Tired of Bloated Windows? I Fixed Notepad (2.5KB)“.