LG официјално ги отфрли наводите од неодамнешната истрага на Gamers Nexus, тврдејќи дека обвинувањата за нарушување на приватноста преку нивните паметни телевизори се неточни.
Како одговор на ова, авторите на истрагата објавија ново видео во кое ја обвинуваат компанијата за манипулација со фактите и прикривање на реалните можности за следење на корисниците, презентирајќи нови докази за агресивно собирање податоци.
Од LG продолжуваат да тврдат дека тие не ги снимаат и зачувуваат разговорите од корисниците, како и околината, освен кога корисникот конкретно не ја користи функцијата за гласовни команди.
Што се однесува до останатите обвинувања, повеќето ги препишуваат на индустриски стандарди, односно дека повеќето други производители го прават истото. Тука се мисли на скенирањето на уредите на мрежата на корисникот, како и следењето на содржината која ја гледа со цел пуштање на реклами.
Ова тврдење на LG е во главно точно, но Gamers Nexus со право истакнуваат дека тоа не е баш добра одбрана, а и тврдат дека LG се што прават го прават доста агресивно.
Gamers Nexus забележуваат во почетокот од новото видео дека LG го имаат тргнато зборот „зачувува“ од нивната политика за приватност од делот во кој се тврди дека тие тоа не го прават.
Во видеото се откриваат повеќе ситуации каде што во политиката за приватност се користат добро осмислени реченици кои им оставаат на LG простор да прават одредени работи, а подоцна да тврдат дека тие не ја нарушуваат приватноста.
Едно од исто така сериозните тврдења на Gamers Nexus се поврзани со слабостите во софтверот кои можат потенцијално да овозможат и трети страни да пристапат до податоците кои ги собира LG.
Ова е еден од главните аргументи на сите критичари, посебно за можноста да се наруши шифрираната комуникација, затоа што покрај „стандардната“ злоупотреба, секогаш постои ризикот и трети страни, како хакери, да дојдат до податоците.
Видеото од Gamers Nexus повторно е детално и полно со докази, а можете да го погледнете во продолжение.






































