Project-Jacquard-7

Концептот “Wearables”, што во превод на македонски би значело производи кои можат да се носат, досега го употребувавме за уреди како паметни часовници, VR шлемови за главата за виртуелна реалност, или пак очила како Google Glass. Но, технологијата ќе отиде многу подалеку и наскоро ќе можеме да се облечеме и во паметна облека!

Project Jacquard на Google е развоен проект од ATAP лабораторијата, кој развива чипови кои можат да се вградат во секое парче облека и кои можат да комуницираат со Вашиот паметен телефон. Чиповите се исклучително мали и воопшто незабележливи однадвор, па затоа можат да се користат со повеќе типови на материјали и бои.

Project-Jacquard-6

Првото парче облека кое Google го претставија е тексас јакна од Levi’s, која има неколку вградени сензори. На пример, има сензор кај џебот, кој ќе почувствува кога ќе ја ставите рака внатре, за да го извадите паметниот телефон и ќе го отклучи за вас. Одлична идеја! Исто така, има и сензори кои можат да ги мерат вашите чекори и слично. Можностите можеби се засега мали, но реално, доколку дивелоперите почнат да развиваат апликации и сервиси за ваквата облека, истите ќе бидат неограничени.

Засега, како и секој проект од ATAP лабораторијата на Google, нема датум кога можеме да ја очекуваме ваквата гардероба во продавниците, но според наша проценка, тоа може да биде многу наскоро, односно наредниве неколку години. А наредна станица, е секако вградувањето на чипови и во нашето тело, нешто што научниците го најавуваат веќе подолго време. Но, затоа ќе зборуваме понатаму…

Project-Jacquard-4

Извор: Techno Buffalo

Претходна статијаСе гради нов празен град во Њу Мексико наменет за тестирање на нови технологии
Следна статијаПрвиот автомат за пари кој препознава лица пуштен во Кина