microsoft-surface-hub-960 (1)

Покрај новитетите од Windows 10, како и холограмските очила, Microsoft, малку и неочекувано, претстави ултра голем таблет од 84 инчи, кој нормално нема да може да го држите во раце, а е направен за поинтерактивни презентации и соработки во големите компании.

Со овој таблет, односно, телевизор со вграден компјутер, од Редмонд покажуваат дека не заборавиле на бизнис светот и дека се посветени новиот Windows 10 да биде дел од него. Да, Surface Hub е целосно опремен со оперативниот систем на Microsoft, нормално во изменета верзија, наменета за гигантскиот екран.

Техничките детали во врска со процесорот и графиката се уште не ги знаеме, но знаеме дека дисплејот ќе има 4K резолуција, односно сега именувана како Ultra HD, која изнесува 3840х2160 пиксели. Уредот ќе има цела плејада сензори, камери и микрофони, како и дисплеј со допир со повеќе прсти, а подоцна ќе биде достапен и во верзија од 55 инчи.

microsoft-surface-hub-960 (4)

Surface Hub ќе биде наменет за бизнис колаборација и ќе може да биде користен како интерактивна бела табла, на која ќе може да се пишува и црта, да се прикажуваат слајдови за некоја презентација или пак да се одржуваат видео конференции, или пак сите работи заедно.

Исто така, ќе биде обезбеден брз пристап до апликации како Skype и OneNote. На пример, уредот сам ќе забележува кога до него ќе се доближи човек и доколку тој има пенкало за дисплејот на допир, автоматски ќе ја прикаже белата табла.

Засега нема информации колкава ќе биде цената на овој 84 инчен телевизор со екрај на допир и вграден компјутер, но, според тоа што го набројавме, претпоставуваме дека ќе изнесува неколку илјади евра, што значи дека ќе биде наменет исклучиво за бизнис корисниците во поголемите компании, а ќе пристигне подоцна годинава. За нас, приватните корисници, Microsoft го претстави феноменалниот HoloLens.

Извор: The Verge

Претходна статијаКризата на стравот
Следна статијаКинеската компанија WinSun успешно испечати зграда за живеење со 3Д принтер