OpenAI ја претстави втората верзија од нивниот јазичен модел за генерирање на видео содржина, Sora 2, а овој пат од компанијата претставија и посебна апликација специјално за видеа.
Sora е името на апликацијата и за почеток е достапна на iOS за корисниците кои имаат добиено покана, а пуштањето ќе оди постепено, меѓу другото и поради безбедносни причини, нешто на кое од компанијата даваат посебно внимание, наводно.
Од OpenAI истакнуваат дека Sora 2 овозможува многу физички поточни видеа, кои се исто така и повеќе реалистични, а овозможуваат и поголема контрола на што е тоа што ќе биде дел од видеото.
Веќе може да се видат повеќе видеа направени од Сем Алтман, директорот на OpenAI, а како што имаме видено и од конкурентните модели, видеата обично се од некои интересни сценарија смислени од корисниците.
Sora 2, како и апликацијата Sora, овозможуваат корисниците да внесат слики кои ќе бидат претворени во видео, а тоа посебно станува интересно кога се користат слики од себе.
Видеата може да бидат и од веќе направени видеа каде ликовите се менуваа со тоа што би сакал корисникот, вклучувајќи и од замена на ликовите со себе или пријателите.


































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)


