Името е познато, но приказната е нова. BMW X5 и BMW Серија 7 Седан во своите нови генерации денеска беа претставени пред македонската публика. Два препознатливи модели, со различен карактер и различна намена, но со нови беспрекорни решенија во дизајнот, технологијата и начинот на кој го доживуваат возењето.

Нивната приказна е различна, но заедничкиот јазик е јасен: моќен дизајн, префинетост, комфор и технологии кои го прават секое патување посебно. Кај двата модели, BMW успева модерниот дигитален свет да го спои со чувството на луксуз и внимание кон секој детал.

BMW X5 – познатата приказна, напишана одново

Ова е петтата генерација на моделот со кој BMW го постави темелот на X семејството уште во 1999 година. Од првиот BMW X5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немавме – пет различни типови погонски системи.

„И токму таа приказна за постојаното поместување на границите продолжува и денес. Од прв поглед е јасно дека X5 не дошол само да продолжи една успешна приказна, туку да го напише следното поглавје. Новиот BMW X5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, X5 е уште попростран, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината. Ако постои модел за кој совршено важи „The boss is back!“, тогаш тоа е новиот BMW X5“, изјави Борис Јаневски, сениор консултант за BMW автомобили во М Кар.

Новиот дизајн ги задржува препознатливите X5 пропорции, но носи помонолитен и посамоуверен изглед, со новиот дизајнерски јазик на BMW од Neue Klasse.  BMW Iconic Glow маската и новите светлосни икони во форма на двојно X дополнително го нагласуваат карактерот, а изборот на тркала оди од 21 до 23 инчи.

Новиот X5 добива и BMW Winglet рачки на вратите, електрично отворање и Soft-Close функција за меко и тивко затворање.

Во неговиот ентериер технологијата не е тука само за да импресионира, туку да го направи искуството поедноставно и поприродно. BMW Panoramic Vision, 3D Head-Up Display и новиот BMW Panoramic iDrive се дел од новиот начин на комуникација меѓу возачот и автомобилот.

Погонската понуда на новиот BMW X5 уште од старт е разновидна, со mild-hybrid бензинска и mild-hybrid дизел верзија. Од јануари 2027 година, понудата ќе биде проширена со plug-in хибридните X5 50e и X5 M60e, како и со целосно електричната верзија iX5. Така, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу различни погонски решенија, во зависност од своите потреби и начинот на користење на автомобилот.

BMW Серија 7 Седан – кога луксузот станува искуство

Ако X5 ја носи приказната за динамиката и слободата, BMW Серија 7 Седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето.

На задните седишта, BMW Theatre Screen од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новиот BMW Panoramic Vision и Panoramic iDrive внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината.

И тука деталите ја прават разликата. Повеќе од 500 бои и комбинации за екстериерот овозможуваат секој BMW Серија 7 Седан да има свој карактер, додека најдобрите материјали и внимателно дизајнираните елементи создаваат амбиент во кој луксузот не е само видлив, туку се чувствува.

И понудата на погонски опции е поставена во чекор со различните очекувања на клиентите. BMW Серија 7 Седан стартува со една mild-hybrid бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со mild-hybrid дизел и plug-in хибридни верзии.

„Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М Кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден. BMW X5 и BMW Серија 7 Седан имаат различен карактер, но заедничка идеја – секој автомобил да понуди искуство што е лично, препознатливо и единствено за својот сопственик“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во М Кар.

Два автомобили, две различни приказни. BMW X5 е динамичен, простран и подготвен за секој предизвик, додека BMW Серија 7 Седан носи поинаков вид на самодоверба – тивка, елегантна и раскошна. Но и двата се дел од истата визија на BMW: да создаде автомобили кои не се само начин да стигнете до некаде, туку искуство само по себе.

И токму затоа нивното претставување носи посебна тежина – две нови приказни на BMW, во кои луксузот, технологијата и препознатливиот карактер се среќаваат на едно место.