
Apple се согласи да направи промени во својот систем за транспарентност за следењето на апликациите, овозможувајќи им на програмерите во Европа да користат помалку „сериозни“ екрани за барање согласност.
Оваа одлука доаѓа по повеќегодишна антимонополска истрага предводена од сојузниот регулатор за конкуренција во Германија, како и други европски власти. Регулаторите утврдиле дека оригиналниот систем ги фаворизирал сопствените апликации на Apple, кои можеле да ги користат податоците од екосистемот без да прикажат прозорец за согласност, додека апликациите од трети страни морале да ги прашуваат корисниците.
За потсетување, Apple во 2021 со пуштањето на iOS 14.5, ја воведе „App Tracking Transparency“ функцијата која меѓу другото, донесе известување за корисниците кога ново инсталираните апликации сакаат да имаат пристап до информациите од другите апликации. Ова кратко кажано Apple го нарекува следење, но за дел од земјите од ЕУ, тоа е термин кој не им се допаѓа.
Со новите промени, програмерите чии апликации се дистрибуираат во Германија, Франција, Италија, Полска и Романија ќе можат да прикажуваат алтернативен екран за согласност. Наместо досегашниот „поп-ап“ прозорец, корисниците ќе гледаат екран преку целата површина кој нуди поголема флексибилност во дизајнот, вклучувајќи променети бои и форматирање. Исто така, на програмерите им е дозволено да постават линкови што водат кон подетални објаснувања за тоа како точно ќе се користат собраните податоци.
Една од најзначајните измени е отстранувањето на зборот „следење“ од екраните за согласност. Опциите за избор исто така се поедноставени, па наместо претходните опции, новите копчиња се директно преименувани во команди за дозволување или одбивање на пристапот.
Дополнително, новиот пристап им дава уште една значајна можност на креаторите на софтвер. Програмерите сега имаат право повторно да им прикажат прозорец за барање согласност на европските корисници откако ќе помине една година од нивниот претходен избор.
Ова претставува обид за усогласување на платформата со европската регулатива, балансирајќи помеѓу корисничката приватност и деловните модели на програмерите кои се потпираат на реклами.



































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)


