black smartphone on the table
Фото: Martin Sanchez на Pexels.com

Идната година навршуваат 20 години од претставувањето на iPhone телефонот, за кого може да се каже дека целосно го промени тогашниот пазар. 

Повеќе пати можевме да прочитаме дека Apple планира измена на дизајнот кај Pro серијата идната година, која најверојатно ќе прескокне една бројка и ќе го носи името iPhone 20 Pro. 

Како што беше случајот со iPhone X, идната година треба да очекуваме посебен дизајн, а според информациите, тој ќе вклучува целосно тргање на рамките околу екранот, со што би требало да се добие изглед кој вклучува само екран и ништо друго. 

Сепак, можно е Apple да не успее целосно да го тргне „динамичниот остров“, па тој ќе биде само дополнително намален, нешто што беше направено за 30% оваа година со iPhone 18 Pro серијата. 

Без разлика каков точно ќе биде дизајнот, а Џон Просер стандардно ги објавува едни од најдобрите видеа врз основа на шпекулациите, тоа што е скоро сигурно е дека рамките околу екранот веќе ќе ги нема. Тоа се очекува да се постигне со мало заоблување на „панелот“ на сите страни, нешто што секако нема првпат да се користи кај еден смартфон.

Според објава од Digital Chat Station, која ја пренесува Ice Universe, тргањето на рамката околу екранот, очекувано ќе овозможи зголемување на димензијата на истите, па тие ги објавуваат истите. 

iPhone 20 Pro наводно ќе дојде со екран со големина од 6,41 инч, додека iPhone 20 Pro Max со 6,96 инчи. Големината на екраните моментално кај најновите модели изнесува 6,3, односно 6,9 инчи, што значи поголема разлика би имало кај помалиот модел. 

Од идната пролет ќе може да се каже дека неофицијалните информации ќе бидат доста посигурни, па има уште време додека дознаеме што точно ќе направат од Apple.