Фото: CTRI

Македонија испраќа силна порака дека инклузивното образование може да биде современо, практично и препознаено надвор од границите на државата.

Нашиот уникатен инклузивен STEM модел, развиен од Здружението за развој на Технологија, Роботика и Иновации – CTRI, во партнерство со Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, добива сѐ поголемо меѓународно внимание.

Денес ученици со оштетен вид од специјалното училиште „Moldova“ од Таргу Фрумос, Романија, беа дел од инклузивна STEM работилница во Скопје, каде одблиску имаа можност да учествуваат во пристап кој ја спојува технологијата, роботиката и инклузијата.

Оваа посета претставува значајна потврда дека моделот што се развива во Македонија е препознаен како пример за современа и применлива образовна практика.

Во фокусот на активностите беше концептот:

LEGO Инклузија – Сетилен пат до иновација

Иновативен пристап кој овозможува учениците со оштетен вид да учат преку:

  • тактилни инструкции 
  • Брајови насоки 
  • допир, звук и движење 
  • LEGO роботика 
  • активно и самостојно учество во наставата 

Овој модел покажува дека кога наставата се прилагодува на детето, резултатите се видливи – кај учениците, кај училиштата и кај меѓународната образовна заедница.

Изјави

Јованчо Зашаровски, основач на CTRI:

„Ова што денес го гледаме е доказ дека кога се работи искрено и системски, Македонија може да создава модели што заслужуваат меѓународно внимание. Ова не е само работилница – ова е нов правец во образованието.“

м-р Васка Медиќ, основач на CTRI:

„За нас ова е силна потврда дека инклузијата создадена со визија, знаење и посветеност може да стане пример и надвор од Македонија. Нашата цел е секое дете, без разлика на попреченоста, да има пристап до технологија, иновација и можност да успее.“

Александра Јаковчевска, директорка на ДУ „Димитар Влахов“:

„За нашите ученици секоја ваква активност значи нова можност, нова самодоверба и чувство дека се дел од современиот свет. Горди сме што токму нашето училиште е партнер во ваков значаен процесво образованието.“

Македонија може

Во време кога многумина зборуваат за инклузија, овој проект покажува дека Македонија знае и да ја реализира.

Партнерството помеѓу CTRI и „Димитар Влахов“ поставува стандарди за пристапно, иновативно и еднакво образование, а интересот од странски ученици е најсилен доказ дека добрите идеи немаат граници.

Ова е повеќе од настан. Ова е порака дека Македонија може да биде лидер во инклузивното STEM образование.