Скопје, 17 јуни 2026 година – Компанијата Самсунг („Samsung“) ја претставува својата визија за поврзана грижа во здравството и го поттикнува преминот кон проактивно управување со здравјето на „VivaTech 2026“, најголемата европска стартап и технолошка конференција, која се одржува од 17 до 20 јуни во „Paris Expo Porte de Versailles“ во Париз.
Одржана под темата „Отворена покана за поздрава иднина”, изложбата на „Samsung“ покажува како поврзувањето на уреди, услуги и партнерства може да поддржи проактивно управување со здравјето во и надвор од домот. Визијата на „Samsung“ за поврзана грижа се реализира преку Samsung Health, интегрираната здравствена платформа на компанијата, која нуди персонализирани искуства за добросостојба во пет клучни области на здравјето: сон, активност, исхрана, ментално здравје и витални знаци.
„’Samsung’ нуди уникатни решенија за поврзана грижа кои го опфаќаат екосистемот на ’Samsung’ од паметни телефони, уреди што се носат на тело, домашни апарати и телевизори, како и нашите отворени партнерства”, изјави Стефани Чои (Stephanie Choi), Извршен потпретседател и раководител на Центарот за глобален бренд во „Samsung Electronics“. „Продолжуваме да работиме на обезбедување различни здравствени решенија преку отворени партнерства за цврсто да се воспоставиме како сигурен секојдневен здравствен придружник со вештачка интелигенција.”
Изложбениот штанд на „Samsung“ е организиран во три зони:
- Медиумска фасада: Видео интерпретација на темата на изложбата „Отворена покана за поздрава иднина”, прекрасно интегрирана со петте основни области за добросостојба на Samsung Health.
- Екосистем за поврзана грижа на „Samsung“: Сеопфатен преглед на решенијата за поврзана грижа и основните услуги.
- Лабораторија за отворена грижа: Простор што ја истакнува соработката со партнери и инкубатори на стартапи, во чии рамки е исто така вклучена и интерактивна зона.
Зоната на екосистемот за поврзана нега на „Samsung“ служи како главно подрачје на изложбата и демонстрира како паметните телефони Galaxy, часовниците Galaxy и апликацијата Samsung Health беспрекорно се поврзуваат за да овозможат проактивно управување со добросостојбата. Зоната исто така нуди увид во иднината на секојдневното управување со здравјето, овозможено од најновите функции на Samsung Health, вклучувајќи следење преку резултатот за здравјето на срцето и виталните знаци, заедно со подобрени метрики за вежбање како што е дневното кардио оптоварување, воведено во новото ажурирање 7.0.
Во оваа зона, „Samsung“ го претставува идниот дигитален план за здравствена заштита, кој има за цел да го премости јазот помеѓу добросостојбата и клиничката нега преку интегрирање на технологијата на „Samsung“ со „Xealth“, американската дигитална здравствена платформа што компанијата ја купи минатата година.
„Xealth“ обезбедува платформа што им овозможува на медицинските професионалци сеопфатно да ја проценат состојбата на пациентите, да препишуваат и препорачуваат дигитални решенија за здравствена заштита и да го следат здравјето во реално време. Со поврзување на паметните телефони Galaxy и уредите за носење со платформата „Xealth“, „Samsung“ планира да развие решение што ќе им овозможи и на клиничките тимови и на пациентите активно да управуваат со здравјето заедно, дури и надвор од болничка средина.
Компанијата го претставува и својот Bespoke AI Refrigerator Family Hub, кој овозможува паметно управување со исхраната. Функцијата AI Food Manager го следи рокот на траење на намирниците и испраќа навремени известувања пред состојките да го достигнат датумот на употреба поставен од корисникот. Дополнително, виџетот FoodNote ги анализира податоците за состојките складирани и користени во текот на изминатата недела, обезбедувајќи персонализиран увид во најчесто консумираните прехранбени производи од страна на корисникот.
„Samsung“ исто така воведува решение за грижа за домашни миленици кое им помага на корисниците да ги следат потенцијалните здравствени проблеми од домот. Преку соработка со решението за управување со здравјето на домашните миленици „Lifet“, корисниците можат да го фотографираат миленикот со својот мобилен уред, а потоа вештачката интелигенција ја анализира фотографијата за знаци поврзани со здравствени потешкотии како што се одредени стоматолошки проблеми, луксација на пателата и катаракти.
Беспрекорно поврзани преку платформата за паметни домови на „Samsung“, SmartThings, решенијата презентирани во Зоната за поврзана грижа ги штитат личните податоци со Knox, сопственото безбедносно решение на „Samsung“.
Лабораторијата за отворена нега на штандот нуди низа партнерски решенија, вклучувајќи го екранот за убавина со вештачка интелигенција (AI Beauty Screen) развиен во соработка со „Amorepacific“, водечка компанија за убавина со седиште во Кореја; Визуелна медитација, услуга ексклузивна за телевизорите на „Samsung“ развиена во соработка со „CUZ“; и решение за анализа на кожата и скалпот базирано на вештачка интелигенција од „Becon“, кое беше основано преку интерниот проект на „Samsung“, C-Lab.
Посетителите можат да закажат термин за персонализирано искуство со K-beauty користејќи го екранот за убавина со вештачка интелигенција за да ја проценат состојбата на нивната кожа и да добијат прилагодена апликација за шминка за усни. Присутните исто така можат да ја доживеат услугата Визуелна медитација на телевизор на „Samsung“.
На 19 јуни, на панел-дискусијата ќе учествуваат истакнати говорници, вклучувајќи го Хон Пак (Hon Pak), раководител на тимот за дигитално здравје при секторот за мобилно искуство (Mobile eXperience – MX) во „Samsung Electronics“; Дејвид Ли (David Lee), Раководител на „Samsung Next“; Мајк МекШери (Mike McSherry), Извршен директор на „Xealth“; Алина Су (Alina Su), Ко-основач и Извршен директор на „Generation Lab“; и Мајкл Дубровски (Michael Dubrovsky), Ко-основач и Извршен директор на „SiPhox Health“.
Обраќајќи се пред глобална публика, панелот ќе дискутира за тоа како пристапот на „Samsung“ кон отворени иновации и екосистемот на соработка со партнерите можат да помогнат во остварувањето на неговата визија за поврзана грижа.






































