Apple денес го одржува нивниот главен годишен настан на кого обично ги претставува новите генерации од нивните уреди. Настанот ќе биде пренесуван во живо како и досега, а ќе може да се следи преку YouTube и страната за настани на компанијата.
Почетокот на настанот е во 19:00 часот по македонско време, а повторно се очекува дека ќе биде претходно снимен и покрај најавите дека новиот директор Тернус ќе го врати стариот формат на настани со „физичко присуство“.
На ред за претставување се новите iPhone модели од серијата 18, но оваа година се очекува дека Apple ќе ги издвои и во септември ќе може да се очекуваат само Pro моделите.
Тоа значи дека денес ќе ги видиме iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, а основниот iPhone 18 дури идната пролет. Гласините најавуваат и можност за спојување на основниот модел со iPhone Air во еден модел, односно iPhone 18 ќе биде и втората верзија од тенкиот iPhone.
Оваа година моделите од Pro серијата нема да го имаат главното внимание, а тоа ќе биде резервирано за претставувањето на првиот iPhone на преклоп, кој од iPhone Fold, па iPhone Ultra, сега се очекува дека ќе го носи името iPhone Duo.
Телефонот може да се очекува дека ќе биде направен во препознатливиот Apple стил, односно со „средени“ сите слабости на претходните околу 8 години на конкуренцијата, како линијата на местото на превиткување, механизмот и слично.
Овој телефон ќе дојде со поразличен формат од тоа што досега го гледавме, а поради достапноста на информациите конкурентите на Apple веќе започнаа со претставување на сопствени модели со овој понизок формат кој е доста подобар.
Нови генерации ќе бидат претставени и од паметните часовници и слушалките од компанијата, а секако, за се што ќе биде претставено ќе можете да прочитате на Smartportal.mk.







































