Утре, на 19 мај 2026 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи 5-тото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: “Money. Mind. Influence.”, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA.
Годинашното издание предизвика исклучително голем интерес кај бизнис заедницата и ќе обедини повеќе од 200 учесници од приватниот сектор – C-level лидери, претприемачи, менаџери, HR професионалци и носители на одлуки, околу темата „Money. Mind. Influence.“
Трите сегменти на темата – Money, Mind и Influence, ги опфаќаат клучните предизвици со кои се соочуваат современите компании: финансиска писменост и носење одлуки во услови на неизвесни пазари, ментална издржливост, wellbeing и продуктивност на вработените, како и лидерство, комуникација, продажба, преговарање и влијание во тимовите и организациската култура.
EqualXChange е препознатлива конференција која во изминатите пет години прерасна од иницијатива фокусирана на родова еднаквост на работното место во значаен бизнис настан што отвора важни разговори за работата, лидерството и организациската култура.
Денес, конференцијата претставува простор за размена на искуства, идеи и практични решенија поврзани со продуктивноста, лидерството, развојот на човечкиот капитал и одржливиот раст.
Овогодинешната конференција носи динамична и внимателно креирана агенда со keynote презентации, fireside chat разговори, panel дискусии и networking сегменти, фокусирани на реални бизнис предизвици, практични искуства и примери од лидери кои секојдневно носат клучни одлуки и управуваат со раст и промени во своите организации.
На сцената ќе говорат реномирани експерти, лидери и професионалци од различни индустрии, меѓу кои Иван Ивановски – основач на PrimeClass.mk, д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Косово, Милан Петковски од Меѓународната организација на трудот (МОТ), Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и Асоцијацијата за е-трговија, Бобан Милошевски, основач на Avalon продукција, Коста Петров, основач и директор на P World, Трајче Николов од Пивара Скопје, Сања Ѓорѓева од Dr. Goodnight, д-р Весна Чадо од PLX Academy, Марина Анчевска од Центарот за Бизнис психологија, Системски НЛП и Системска Коучинг Академија, Франка Граждани основачка на 223 и Ethereum Македонија и многу други.
Покрај главната програма, конференцијата нуди и expo сегмент и networking простор посветен на компании и партнери кои активно придонесуваат кон развој на современо, инклузивно и одржливо бизнис опкружување.
Реализацијата на конференцијата е поддржана од партнери и организации кои препознаваат дека современото лидерство и одржливиот бизнис раст бараат вложување во луѓето, знаењето и организациската култура меѓу кои PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Македонија“, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер, како и бројни пријатели на конференцијата.
Повеќе информации за конференцијата и целосната агенда се достапни на: equalxchange.mk.



































