Фото: Shutterstock.com

Apple потврди дека се откажува од планираната промена за својата функција за приватност „Hide My Email“. Компанијата претходно најави дека маскираните адреси за електронска пошта ќе бидат постепено префрлени на новиот домен @private.icloud.com. Сепак, по острите критики од јавноста и експертите, оваа одлука е повлечена, па алатката ќе продолжи да го користи стандардниот @icloud.com домен кој веќе го користат милиони корисници.

Реакциите за планираната промена беа главно насочени кон намалувањето на ефикасноста на самата алатка за приватност. Функцијата им овозможува на корисниците да креираат единствени, случајни адреси за електронска пошта кои ги препраќаат пораките до нивното главно сандаче, со цел да се заштити нивниот идентитет онлајн. 

Корисниците и застапниците за приватност посочија дека користењето на специфичен домен би им овозможило на веб страниците многу лесно да ги препознаваат и блокираат овие маскирани адреси при регистрација. Со задржување на тековниот формат, генерираните адреси остануваат визуелно идентични со стандардните кориснички сметки, што го спречува нивното автоматско отфрлање од страна на интернет сервисите.

Промената на одлуката Apple ја објави преку нивната страна за програмерите, а може да се прочита тука.

Иако основната „Hide My Email“ алатка останува непроменета, Apple напомена дека еден сегмент од нивниот систем за препраќање пораки сепак ќе премине на новиот домен. Оваа транзиција ќе се однесува исклучиво на адресите поврзани со системот „Sign in with Apple“ кон крајот на оваа година, за што од компанијата тврдат дека нема да предизвика проблеми со приватноста на крајните корисници.