Motorola продолжува со развојот на еден од своите најпознати модели на смартфони, RAZR. Нова верзија од овој телефон кој се преклопува по ширината на екранот, како стариот и познат RAZR, ќе видиме и оваа година.
Информацијата доаѓа директно од директорот на Lenovo, во чија сопственост е брендот Motorola изминатите години. Тој не открива многу информации, па покрај тоа што новиот RAZR може да се очекуван наскоро, Јуанкинг Јанг додава и дека оваа верзија ќе биде доста подобра и ќе има подобрен механизам за преклопување.
Иако кај овие уреди механизмот за преклопување е доста важен, сепак подобрувањето кај годинешниот RAZR се очекува да биде кај надворешниот екран. Доколку неофицијалните информации се покажат како точни, малиот екран кој се користи кога уредот е затворен, оваа година нема да биде баш така мал.
Овој екран кај Motorola, како и кај конкурентите, обично се користи за гледање на информации и евентуално сликање со задната камера. Доколку тој е голем скоро колку половината од телефонот, екранот би имал нешто поголема функција, како што можевме да видиме пред недела дена.
На MWC 2023 Lenovo прикажа и два интересни концепт уреди кои имаат екрани кои се одмотуваат и издолжуваат по вертикалата на уредот. Прикажан беше смартфон, но и лаптоп кој од стандарден се претвора во доста поголем екран.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



