Арун Маини, односно Mrwhosetheboss е еден од најпознатите „јутјубери“ за технологија кој конечно успеа да ја надмине бројката на следбеници кои ја имаат Apple на YouTube. Ова е нешто со кое Маини се шегуваше долго време, па сега тој има повеќе од 19 милиони следбеници на овој сервис.
Неговите рецензии за производите се навистина едни од најдобрите, а голем фактор во ова мислење е и уникатниот стил кој го има при снимање на видеата.
Маини објави дека првпат не бил поканет на настанот на кој Google ги претставува нивните Pixel уреди, а неговата претпоставка е дека причината за тоа е негативното мислење кое тој го имаше минатата година за Pixel уредите, па и препорача други уред како подобар.
Ова потоа извади на површина програма од Google за инфлуенсери во која е додадена најнов услов, а тоа е да не се препорачуваат други уреди на сметка на Pixel. Google веднаш потоа излезе во јавноста со информација дека промените се повлечени, а одговорноста за настанатата ситуација ја префрлија кај надворешна маркетинг, односно ПР агенција.
Mrwhosetheboss ја објави неговата рецензија за новите Pixel 9 Pro, па во продолжение можете да видите што тој има да каже за оваа нова генерација на уреди од Google, а после настанатата ситуација со поканата.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



