На помалку од еден месец пред очекуваното претставување, Samsung официјално започна со серија најави за претстојниот Galaxy Z Fold8. Оваа маркетинг кампања започна со специфичен потег на социјалните мрежи, при што компанијата избриша речиси сè од своите главни профили на платформата Instagram.
На профилите беа оставени само шест објави кои формираат единствена целина. Овие преостанати материјали пренесуваат порака која укажува на нов облик и ново искуство, директно реферирајќи на променетиот физички формат на претстојниот уред на преклоп, кој сега се одликува со поширок и покус дизајн во споредба со минатите модели.
Овој нов формат се смета како директна конкуренција на сѐ уште неофицијалниот прв iPhone на преклоп, кој како и најчесто, ги „тера“ конкурентите да го следат поставениот тренд од Apple.
Визуелните најави се фокусираат на разликите помеѓу новата генерација и нејзиниот претходник. Во објавите, Samsung прикажува како се отстранува горниот дел од препознатливата форма на Galaxy Z Fold7, оставајќи ги зад себе пропорциите на новиот Galaxy Z Fold8.
Иако конкретното име на уредот не е експлицитно наведено во најголемиот дел од овие кратки објави, промотивните пораки се концентрирани на концептот за нов облик кој се задржува само на суштинските елементи. Преку пораки кои сугерираат дека новата форма нуди прецизност и соодветна удобност, компанијата го нагласува променетиот пристап кон дизајнот на своите уреди на преклоп и адаптацијата кон секојдневните потреби на корисниците.
Покрај информациите за основниот модел, неодамнешните споделени информации прикажуваат дека новиот формат ќе постои заедно со верзијата означена како Galaxy Z Fold8 Ultra. Според нив, моделот Ultra ќе го задржи стариот дизајн, што резултира со значителна разлика во висината помеѓу двата телефони.







































