Познатата апликација CapCut, во сопственост на ByteDance, компанијата која стои зад TikTok, објавија официјално партнерство со Gemini. Според информациите, оваа соработка наскоро ќе им овозможи на корисниците да вршат уредување на слики и видео материјали директно во рамките на самата апликација Gemini.
За оваа намена ќе бидат искористени напредните креативни способности и алатки за измена кои ги нуди CapCut, со што процесот на креација ќе се централизира на една платформа.
Очекувањата зад оваа соработка се дека иднината на создавањето содржини ќе се темели на еден поконверзациски и поинтуитивен пристап. Основната идеја е паметна интеграција на различните алатки и кориснички искуства, што треба значително да ја поедностави работата за крајните корисници.
Оваа првична интеграција на можностите на CapCut во околината на Gemini е најавена како само почеток. Фокусот останува на создавање поедноставни работни текови, овозможувајќи напредно уредување преку систем кој се потпира на интелигентна поврзаност на услугите.





































