Минатата недела пишувавме за конечната достапност на познатата Notepad++ апликација на macOS. Иако апликација не е официјална, таа сепак е направена на отворениот код на истата, а тоа е и една од предностите на отворениот софтвер.
Сепак, отворениот код не значи дека не постојат никакви правила за користење на истиот, па креаторот на Notepad++ Дон Хо ја нарече оваа апликација лажна и нејзиното пуштање е прекршување на трговската марка.
Во основа, иако кодот на апликација може да се користи, не се слободни за користење логото, името и другите карактеристични ознаки на Notepad++, секако не без официјална дозвола.
Дон Хо истакнува дека „страната нема апсолутно ништо со Notepad++ и не е авторизирана, поддржана и не е поврзана со главниот проект на никаков начин“. „Сопственикот ја користи Notepad++ трговската марка без дозвола“.
Ова веќе беше познато, но не беше познато дека програмерот немал воопшто дозвола да ја користи трговската марка од Notepad++.
Хо продолжува и истакнува дека „ова е погрешно, несоодветно и искрено без почит и кон проектот и кон неговите корисници“.
Програмерот Андреј Летов веќе го промени името и логото на апликацијата, па истата сега се вика Nextpad++.
Со оглед на тоа што може да се каже дека се работи за класична кражба на нечив труд, оваа апликација веќе нема потреба да добие поддршка, а на Mac има доволно добри алтернативи.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



