Фото: Brina Blum / Unsplash

Алатката Rufus, која е стандарден избор за креирање USB-уреди за инсталација на оперативни системи, во својата најнова бета верзија воведува значајни промени наменети за корисниците на Windows 11. 

Најновото ажурирање носи напредни опции кои овозможуваат значително олеснување на процесот на инсталација на оперативниот систем, преку автоматизација и отстранување на претходно инсталираниот софтвер.

Главниот новитет во оваа верзија е можноста за таканаречена тивка инсталација без надзор. Оваа функција овозможува инсталациониот медиум да го спроведе целиот процес без потреба од интервенција од страна на корисникот.

Откако ќе се покрене системот преку USB-уредот, процесот ги прескокнува сите вообичаени чекори за поставување и дијалози, овозможувајќи побрза и поефикасна инсталација, што е особено корисно за ИТ администратори и корисници кои често реинсталираат компјутери.

Секако, овој процес е препорачано да се користи внимателно, а алатката го избира првиот достапен диск, на пример, па не треба да се користи доколку корисникот има повеќе дискови, како и други слични ситуации.

Покрај автоматизацијата, Rufus сега нуди можност за отстранување на дел од дополнителниот софтвер кој стандардно доаѓа со Windows 11. Корисниците можат да изберат да ги исклучат апликациите како Teams, Outlook и Copilot уште пред да започне инсталацијата. 

Дополнително, алатката овозможува исклучување на BitLocker и ги задржува претходните опции за заобиколување на строгите хардверски барања, како и можноста за користење на локален кориснички профил наместо задолжителната најава со Microsoft сметка.