Фото: Samsung

Скопје, 30 септември 2026 година– Компанијата Самсунг („Samsung“) денес ја претстави серијата Galaxy Tab S12 — Galaxy Tab S12 Ultra и Tab S12+ — со што го испорачува досега најмоќното и најразновидното искуство со таблет од Samsung. Со спој на врвни перформанси, долготрајна батерија и најновата технологија Galaxy AI, вградени во препознатливиот ултратенок дизајн на серијата Galaxy Tab, новата линија ги претвора сложените работни процеси во едноставни секојдневни достигнувања – без разлика дали станува збор за усовршување вештини, остварување кариерни цели или истражување на креативни страсти.

Galaxy Tab S12 Ultra и Tab S12+ имаат импресивни екрани и се испорачуваат со ергономски дизајнираниот S Pen за лесно водење белешки и прецизно уредување. Со лесен пристап до професионални апликации и разновидна дополнителна опрема, корисниците можат лесно да ги следат своите страсти и да напредуваат кон своите цели. Комбинирајќи ја преносливоста со професионална моќ, серијата Galaxy Tab S12 им овозможува на корисниците моментален пристап до моќни можности секогаш кога ќе им дојде инспирација.

„Серијата Galaxy Tab S12 е дизајнирана за луѓе кои постојано истражуваат нови идеи, развиваат нови вештини и ги остваруваат своите амбиции“, рече Џеј Ким, извршен потпретседател и раководител на Канцеларијата за корисничко искуство, Mobile eXperience (MX) Business во Samsung Electronics. „Изградена со водечки хардвер во индустријата, серијата Galaxy Tab S12 го спојува пространиот екран со моќта на Galaxy AI – отстранувајќи го триењето од сложените задачи, така што корисниците можат да останат фокусирани на постигнување влијателни резултати.“

Фото: Samsung

Врвни перформанси во ултратенок дизајн

Серијата Galaxy Tab S12 ги спојува моќните перформанси и долготрајната батерија во тенок и лесен дизајн, овозможувајќи им на корисниците да постигнат повеќе, каде и да ги одведе нивната амбиција. Со исклучителна дебелина од само 5,1 мм, Galaxy Tab S12 Ultra е најтенкиот Galaxy Tab на Samsung, а истовремено нуди најмоќни перформанси од сите досегашни модели, поддржувајќи продуктивна работа во текот на целиот ден. На пример, корисниците кои следат онлајн курс покрај редовната работа можат да ја проследат лекцијата додека патуваат, а подоцна во денот да ги решаваат вежбите од курсот на големиот екран, додека се во кафуле или библиотека.

Двата модела се дизајнирани за долготрајна употреба, овозможувајќи им на корисниците непречено да продолжат со работата. Со едно полнење, батеријата издржува до 23 часа кај Galaxy Tab S12 Ultra  и до 21 час кај Galaxy Tab S12+, поддржувајќи долги периоди на продуктивност каде и да се наоѓате. Кога е потребно полнење, батеријата се полни од 0% до 100% за околу 95 минути со помош на адаптерот од 45W, со што се минимизира времето на чекање и корисниците можат брзо да се вратат на своите активности.

Покрај долготрајната батерија, серијата Galaxy Tab S12 нуди најмоќни перформанси од сите досегашни Galaxy Tab уреди, справувајќи се лесно и со најсложените задачи. Најсовремениот 3nm процесор овозможува до 61% побрза NPU обработка, 19% подобри перформанси на процесорот (CPU) и 17% поголема моќност на графичкиот процесор (GPU) во споредба со Galaxy Tab S11 Ultra. Во секојдневната употреба, тоа значи дека корисниците можат да извршуваат позахтевни задачи со поголема брзина и одзивност. Без разлика дали станува збор за рендерирање сложени креативни проекти или следење предавање додека водите белешки и барате појаснувања од вештачката интелигенција (AI) – искуството останува брзо и без застој, со минимални прекини кои би можеле да го нарушат фокусот.

Ново дизајнираната 3D комора за пареа (3D Vapor Chamber) ефикасно ја распрснува топлината, обезбедувајќи сигурни перформанси при интензивни задачи, како што се повеќечасовна видео-монтажа или графички дизајн. 

Дизајнирана за издржливост и отпорност на надворешни влијанија, серијата Galaxy Tab S12 поседува и IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, нудејќи им на корисниците дополнителна сигурност .

Фото: Samsung

Серијата Galaxy Tab S12 доаѓа со голем екран, дизајниран да ги поттикне корисниците да размислуваат пошироко и да им даде повеќе простор за развивање на нивните идеи. Galaxy Tab S12 Ultra располага со голем дисплеј од 14,6 инчи, што го олеснува истражувањето на сложени теми и истовремениот преглед на повеќе содржини. Galaxy Tab S12+ има поголем дисплеј од 12,6 инчи и потенки рамки во споредба со претходниот модел, нудејќи поголема површина на екранот без да се жртвува преносливоста. Двата модела користат Dynamic AMOLED 2X дисплеи со максимална осветленост до 1.600 нити, обезбедувајќи јасна и живописна слика, без разлика дали се користат во затворен простор или на отворено. Подобрената функција Vision Booster, која работи непречено, сега ја прилагодува осветленоста во реално време врз основа на условите на осветлување, овозможувајќи пријатно гледање.

И звукот е значително подобрен со 4-канален просторен звук – двојно повеќе канали од претходната генерација – што овозможува побогато и поизразено доживување, без разлика дали корисниците стримуваат содржини, следат упатства или вршат монтажа.

Секојдневните задачи стануваат поинтуитивни и полесни за извршување

Надоврзувајќи се на врвна хардверска основа, серијата Galaxy Tab S12 го претвора својот голем екран во флексибилен работен простор, овозможувајќи непречено извршување на различни задачи. Со оперативниот систем Android 17, интерфејсот One UI 9 и најновата технологија Galaxy AI, уредот ги обединува истражувањето, водењето белешки, креативното творење и помошта од вештачката интелигенција на едно место, давајќи им на корисниците поголема слобода да истражуваат нови идеи, да го забележат она што е важно и да го применат наученото во пракса.

Благодарение на екранот што нуди целосно доживување кај серијата Galaxy Tab S12, корисниците можат да го поделат екранот на најмногу три дела користејќи го распоредот „Multi Window“. На пример, корисниците можат да водат белешки во апликацијата Samsung Notes на едниот дел од екранот, додека на другиот дел следат предавање и користат асистент со вештачка интелигенција. Додека се појавуваат клучни поенти или прашања, корисниците можат да ги забележат директно во Samsung Notes со помош на S Pen, а функцијата Note Assist  ги сумира нивните белешки  – сето тоа без да го прекинуваат предавањето.

Двата модела доаѓаат во комплет со ергономско пенкало S Pen, кое овозможува прецизен и интуитивен внес за водење белешки, додавање забелешки на материјали и скицирање концепти. За поорганизирана и попрофесионална работна средина, тастатурата „Pro Keyboard“ ја зголемува продуктивноста со својата врвна алуминиумска завршница и копчето „Galaxy AI“ што овозможува моментален пристап до помошници со вештачка интелигенција, додека тастатурата „Book Cover Keyboard Slim“ нуди флексибилност преку удобни агли на гледање и лесно, пријатно пишување. 

Серијата Galaxy Tab S12 им помага на корисниците да ги обединат информациите и да добијат поддршка во реално време штом ќе се појави интерес или љубопитност. Серијата Galaxy Tab S12 доаѓа со шестмесечен пробен период за Google AI Pro, овозможувајќи проширен пристап до најспособните модели на вештачка интелигенција на Google уште од првиот ден. Корисниците можат да го прашаат Gemini за сè што им е нејасно или подлабоко да истражуваат теми што ги интересираат, веднаш штом ќе им се појави некое прашање. Со Gemini Notebook, корисниците можат да ги обединат белешките, сликите, снимките и датотеките во еден работен простор и да креираат резимеа, подкасти, па дури и квизови, со цел клучните информации полесно да се разберат.

Како што истражувањето напредува и станува подлабоко, Samsung Browser им помага на корисниците да останат фокусирани без да го изгубат прегледот на она што веќе го откриле. Преку разбирање на содржината на веб-страниците, контекстот низ повеќе јазичиња и историјата на прелистување, прелистувачот може да ги сумира информациите од отворените страници или да прикаже релевантен извор прегледан пред неколку дена – со што им овозможува на корисниците да трошат помалку време на пребарување низ претходно отворените јазичиња, а повеќе време на усвојување на клучните сознанија што се најважни. 

Целосен екосистем дизајниран да ги унапреди вештините и креативноста

Серијата Galaxy Tab S12 им нуди на корисниците идеално место за примена на знаењето во пракса, спојувајќи апликации  од професионален квалитет заедно со придобивки во вредност од приближно 600 долари  за да им помогне да ги унапредат своите вештини.

Adobe Photoshop е претходно инсталиран на серијата Galaxy Tab S12 – првпат за Android таблети – носејќи професионално уредување на слики и дизајн на таблетот. Интерфејсот е оптимизиран за таблети, а поддршката за S Pen го прави поинтуитивно преместувањето на идеите од рака на екран. Photoshop вклучува функции со вештачка интелигенција, вклучувајќи AI Assistant и генеративни функции со вештачка интелигенција, управувани од Adobe Firefly, како што се Generative Fill и Image to Video, помагајќи им на креативците да уредуваат побрзо и без напор. Ексклузивно за серијата Galaxy Tab S12, корисниците добиваат четири месеци бесплатен пристап до мобилниот план на Photoshop.

Notability, апликација што е нововградена на Galaxy Tab, им помага на корисниците поефикасно да ги забележуваат своите идеи, да ги организираат белешките и да го надградуваат своето знаење преку оптимизација за S Pen и алатки за учење засновани на вештачка интелигенција, вклучувајќи шестмесечен бесплатен пробен период и 20% попуст на првата претплата.

Goodnotes  овозможува уредно водење белешки и организација со бесплатен пристап во времетраење од една година, додека LumaFusion, достапна со попуст од 66%, овозможува видеомонтажа на професионално ниво. Notion поддржува флексибилно пишување, планирање и организација, нудејќи бесплатен пристап до планот „Plus“ во текот на еден месец. Clip Studio Paint  нуди алатки за прецизно цртање и сликање за дигитална уметност, со пробен период од шест месеци и 20% попуст на првата претплата.

Покрај овие апликации, корисниците можат да истражат и поширок спектар на опции што одговараат на различни потреби. MyScript Math моментално ги решава рачно напишаните равенки и ги прикажува чекорите за секоја од нив, додека MyScript Notes ги претвора рачно напишаните белешки во материјали за учење, користејќи вградени алатки со вештачка интелигенција за објаснување концепти или креирање квизови. Noteshelf 3 нуди приспособливи распореди за запишување и организирање идеи, а ArcSite  ги претвора грубите скици од терен во прецизни CAD-цртежи.

Достапност

Серијата Galaxy Tab S12 ќе биде достапна од 7 октомври и ќе се нуди во две бои: сива и сребрена. 

Дизајнирани за долготрајна и сигурна употреба, Galaxy Tab S12 Ultra и Galaxy Tab S12+ поддржуваат до седум надградби на оперативниот систем и безбедносни ажурирања. 

Спецификации


Galaxy Tab S12 Ultra  (14.6-inch)Galaxy Tab S12+  (12.6-inch)
Димензии208.5 x 326.3 x 5.1 mm187.8 x 289.5 x 5.3 mm
Тежина692 g (Wi-Fi), 695 g (5G)553 g (Wi-Fi), 555 g (5G)
Оперативен системAndroid 17, One UI 9Android 17, One UI 9
Екран14.6-инчи, 2960 x 1848, 120Hz, Dynamic AMOLED 2X12.6-инчи, 2800 x 1752, 120Hz, Dynamic AMOLED 2X
ОсветленостМаксимална осветленост 1,600 nits / HBM 1,000 nitsPeak 1,600 nits / HBM 1,000 nits
Процесор (AP)MediaTek Dimensity 9500 MediaTek Dimensity 9500 
Меморија и складиште16GB + 1TB, 12GB + 512GB, 12GB + 256GB, microSD up to 2TB12GB + 512GB, 12GB + 256GB,  microSD up to 2TB
Батерија / Полнење11,600 mAh / 45W 10,600 mAh / 45W 
Мрежа и Поврзување5G, Wi-Fi 7, Bluetooth v6.05G, Wi-Fi 6E, Bluetooth v6.0
КамераЗадна: 13 MP + 8 MP ултра-широка Предна: 12 MP ултра-широкаЗадна: 13 MP  Предна: 12 MP ултра-широка
ЗвукЧетворократен звучник (4-канален просторен звук/Spatial AudioЧетворократен звучник (4-канален просторен звук / Spatial Audio)
S PenS Pen (не поддржува BLE) во пакувањетоS Pen (не поддржува BLE) во пакувањето
ИздржливостIP68
SIMDual SIM (physical SIM + eSIM)
БезбедностОтисок од прст на екранот (Fingerprint on Display)
БојаСива, Сребрена
ДодатоциPro Keyboard Book Cover Keyboard Slim  Book Cover  Frame Cover (само за Ultra) Антирефлексивна заштитна фолија