Фото: Samsung

Скопје, 4 мај 2026 година – Компанијата Самсунг („Samsung”) одбележува 20 години глобално лидерство како светски број 1 бренд за телевизори со специјална промотивна понуда по повод пристигнувањето на новата линија телевизори за 2026 година. Купувачите кои ќе купат еден од избраните модели на телевизори од сериите Micro RGB, OLED, Mini LED, The Frame и The Frame Pro со дијагонала од 55 инчи и поголема, како подарок ќе добијат „Samsung“ саундбар звучник.

Покрај тоа, купувачите кои ќе одберат еден од ТВ уредите опфатени со промоцијата, покрај две години комерцијална гаранција, ќе добијат и продолжена три годишна заштита со регистрација на уредот .

Новата линија телевизори на „Samsung” за 2026 година е дизајнирана да им овозможи на корисниците уште подобро искуство при гледање преку напредни технологии на екранот, современ дизајн и супериорна поврзаност со другите уреди во домот. Оваа година, врвните модели се одликуваат со Micro RGB технологија, развиена за прецизна репродукција на бои, овозможувајќи им на корисниците да постигнат длабок контраст и врвно ниво на детали.

Следниот акцент во понудата за 2026 година се Samsung OLED телевизорите, кои потрошувачите ги обожаваат поради нивните самоемисивни пиксели што обезбедуваат вистински црни тонови и совршен контраст, моментално време на одговор идеално за гејминг, ултра тенко премиум дизајн и искуство при гледање без одблесоци.

Quantum Mini LED овозможува ултрапрецизна контрола на светлината, создавајќи подлабок контраст, појасни детали и поусогласена осветленост сцена по сцена. Сертифициран од TÜV Rheinland како вистински QLED телевизор, Samsung Neo QLED користи задно осветлување со сина светлина и вистинска фолија со квантни точки за да одржи стабилен спектар на бои и конзистентни перформанси на сликата.

Фото: Samsung

Купувачите кои ќе направат преднарачка на некој од вклучените модели за време на промотивниот период, остваруваат право на бесплатен саундбар звучник, при што моделот на подарокот зависи од купениот телевизор: Со купување на Micro RGB и OLED модели со дијагонала од 75 инчи и поголема, купувачите го добиваат саундбар звучникот Q990H, со избрани модели од 55 инчи и поголеми, се добива звучникот Q600H, додека со Mini LED моделите од 55 и 65 инчи, се добива звучникот B650F.

Вредноста на подарокот достигнува до 1.399 евра .

За остварување на правото за добивање на промотивниот саундбар звучник, неопходно е купениот уред да се регистрира преку официјалната веб-страница најдоцна до 25 јуни 2026 година.

Целосната листа на модели вклучени во промоцијата и деталите за условите за учество може да се најдат на следниот линк.

Оваа промоција дополнително ја потврдува посветеноста на „Samsung” кон супериорно корисничко искуство, за што сведочи и фактот дека, според податоците на аналитичката куќа Omdia од февруари 2026 година, „Samsung” е водечки светски бренд за телевизори според годишниот пазарен удел веќе 20 години по ред.