Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички како општество.
Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, апелираме и инсистираме на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.
Бензинските станици на Макпетрол АД редовно се дезинфицираат и вработените ги применуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но неопходно е сите да придонесеме преку доследно следење на препораките.
Максималниот број на присутни во продавниците се ограничува до три лица, а кафематите се ставаат надвор од употреба. Секој е одговорен и може да придонесе кон поголема заштита на сите. Затоа, при посета на бензинските станици придржувајте се кон ограничувањето за максималниот број на присутни во продавницата и држете растојание од најмалку 1,5 метри додека се чека ред за каква било услуга.
Апелираме до сите да бидат трпеливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици. Притоа, уште еднаш ги потсетуваме потрошувачите да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.
Со заедничка посветеност и почитување на препораките ќе успееме да ги надминеме сите предизвици. Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.
Останете дома и придонесете кон сопствената заштита и заштитата на сите останати.
Јавното здравје е заедничка одговорност!
МАКПЕТРОЛ ИНФО-ПОИНТ



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)





























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



