OpenAI ја претстави првата верзија од нивниот нов вид на голем јазичен модел, OpenAI o1. Овој јазичен модел може да се каже дека е во правец на развојот на генералната вештачка интелигенција, односно ВИ која ќе функционира како луѓето, па дури и подобро.
Во оваа фаза o1 се смета како тест верзија, а достапна е и помала и поевтина верзија o1 mini. Главната предност и намена на овој нов јазичен модел е да може да решава доста посложени проблеми, иако во оваа фаза не доаѓа со одредени способности кои ги имаат моменталните модели како GPT-4o, односно нема пристап до интернет податоците, нема можност за креирање на слики и слично.
Целосно новиот начин на развој на јазичните модели се гледа и од користењето на бројката 1 во оваа верзија, што значи дека o1 не е директен наследник на претходните јазични модели.
OpenAI o1 како јазичен модел е направен на начин да подолго размислува пред да го даде својот одговор, а од тука доаѓаат и резултатите кои говорат дека овој модел прави многу помалку грешки.
Начинот на којшто се тренира новиот модел е поразличен од претходните, па наместо обидот да се вадат важните информации од податоците, o1 се тренира со техника која му дава на моделот награди и казни за точноста и успешноста на решавањето на задачите.
Од OpenAI истакнуваат дека o1 има способност слична на студенти за докторати кога се во прашање научни дисциплини, како што се физика, хемија и биологија. Овој модел исто така е доста подобар кога се во прашање математичките проблеми, како и програмирање.
Во тест кој се дава од страна на Mathematics Olympiad GPT-4o точно има решено 13% од проблемите, додека новиот o1 83%. Способноста за програмирање е стигната до ниво од 89%, па јасно станува зошто овој модел се смета за почетокот на многу поспособни јазични модели.
OpenAI o1 засега е во тест фаза, но ќе им биде достапен на платените ChatGPT корисници, како и на програмерите, но со доста повисока цена од претходните модели. o1mini се планира да им стане достапен на бесплатните ChatGPT корисници, но засега не е познато точно кога.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)





























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



