
Едвард Сноуден оваа недела официјално се приклучи на Twitter. Неговиот профил можете го отворите на @Snowden, а интересно ќе забележите дека тој следи само еден профил, додека досега него го следат скоро 1 милион корисници.
Единствениот профил кој што Сноуден се има решено да го следи е, кој друг ако не тој на неговиот поранешен работодавач, NSA (@NSAGov).
Како краток опис за него Сноуден исто така става нешто што е во контекст на тоа што го направи познат, па пишува:
I used to work for the government. Now I work for the public. (Порано работев за владата. Сега работа за јавноста.)
Насловната слика на неговиот профил исто така е поврзана со темата која што го направи познат, а на истата се прикажани кратки исечоци од изданијата на весниците кои што ги објавија неговите информации.
Моментално Сноуден живее во Русија, додека во САД би бил суден за шпионажа и предавство, па не се знае дали некогаш ќе може да се врати дома. Исто така, не е познато до кога ќе биде во Русија, каде што има добиено ограничен престој.



![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)






























![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-100x70.webp)



