Фото: Македонски Телеком

Летото во Македонија беше исполнето со големи музички, културни и спортски настани што собраа илјадници посетители низ целата земја. Од настапот на Дејвид Гета и Хозе Карерас во Скопје, концертот на Здравко Чолиќ во Битола, Пол Ван Дајк во Струмица, Махмут Орхан и Рита Ора во Охрид, преку Пивофест во Прилеп, до концертот во Т Арена и други сите концертите по повод 35 години независност на Македонија  и многу повеќе – летото донесе музика, забава и моменти за споделување.

Многу фотографии, видеа и моменти споделени во реално време значат и многу поголемо оптоварување на мобилната мрежа, а очекувањата на корисниците се исти, брза, стабилна и сигурна конекција, без разлика колку луѓе се поврзани во истиот момент.

Токму затоа, додека публиката уживаше во летните настани, техничките тимови на Македонски Телеком работеа зад сцената. Пред да се вклучат светлата и да пристигнат посетителите, мрежата веќе беше подготвена. Со дополнителни капацитети, тестирања и оптимизација, Телеком ја зајакнуваше мрежата на најпосетените концерти низ Македонија.

Резултатите го покажуваат обемот на овој предизвик. Во текот на летото, Телеком обезбеди мрежна поддршка за 32 настани во 14 градови, со вкупно 320.000 посетители. Преку мрежата беа пренесени повеќе од 42,7 TB мобилен интернет сообраќај, со 5G брзини над 1 Gbps.

Зад овие бројки стојат илјадници споделени моменти, но и сериозна техничка и организациска работа. Големите настани бараат внимателно планирање, зајакнување на капацитетите и постојано следење на перформансите. За корисниците, сето тоа треба да остане речиси невидливо, мрежата едноставно да функционира.

Токму оваа посветеност на квалитетот и корисничкото искуство е дел од приказната што Македонски Телеком ја гради веќе три децении. Оваа година компанијата одбележува 30 години од првата мобилна мрежа во Македонија. Од првите мобилни разговори, преку 3G и 4G, до 5G, Телеком континуирано ги воведува најновите генерации мобилна технологија, инвестира во инфраструктурата и го поддржува развојот на дигиталното општество.

Триесет години подоцна, следното поглавје веќе започнува. Македонски Телеком ја постави првата самостојна 5G мрежа во Македонија, 5G Standalone (5G+), која ќе биде достапна за корисниците до крајот на октомври. Новата технологија создава основа за пофлексибилно и поперсонализирано поврзување, нови дигитални услуги и напредни решенија за бизнисите.

Од летните фестивали до технологиите на иднината, целта останува иста, мрежа на која корисниците можат да се потпрат во секој момент.

А зад најдобрата мрежа стојат години инвестиции, постојан развој и посветени тимови кои се грижат таа да биде подготвена токму тогаш кога е најпотребна.