Фото: Samsung

Ако сте од оние што ги читаат техничките спецификации на уредите со исто воодушевување како што некој друг чита спортска прогноза, тогаш сигурно ви е преку глава од реченицата „оваа година имаме уште побрз чип и повеќе мегапиксели“. Искрено, хардверот одамна ја достигна точката каде што разликите се мерат во милиметри и нијанси. Реалноста е дека воопшто не нѐ интересираат бројките на хартија. Единственото прашање што вреди е: Што се случува под куќиштето кога ќе ги извадите уредите од кутијата и ќе ги натерате да работат заедно?

Ги тестиравме новиот Galaxy S26 заедно со безжичните слушалки Buds4, со една единствена цел, да увидиме дали овој екосистем навистина го олеснува денот на терен или сè уште мораш да бидеш дежурен ИТ администратор за сопствените уреди. За оние што уште користат други уреди, ја тестиравме и апликацијата Try Galaxy за да видиме дали е само евтина мамка за нови корисници.

Да ја поставиме сцената онака како што навистина изгледа. Седите во преполно, гласно кафуле во Скопје, со лаптопот отворен пред вас, средувате код или прегледувате некоја тешка табела. Околу вас зујат луѓе, се меле кафе, а на телефонот почнуваат да ви пристигнуваат милијарда пораки од колеги, мејлови и итни известувања. Во исто време, мора инстантно да се вклучите на состанок.

Наместо нервозно кликање по менијата и рачно префрлање на Bluetooth конекцијата од еден уред на друг, тука добро соработува функцијата Seamless Switch. Ги ставаш Buds4 во уши, тие самите сфаќаат од каде доаѓа повикот и те вклучуваат во разговор без ниту една секунда доцнење.

Но, она што е поважно е филтрирањето на бучавата. Додека зборувате, луѓето од другата страна на линијата нема да го слушнат кафулето. Микрофоните, потпомогнати од „ANC“, некако успеваат „хируршки“ да ги пресечат сите оние ниски фреквенции на метежот во позадина, па разговорот тече нормално, без она фамозно скопско „Ало, не те слушам добре, излези надвор“.

Фото: Samsung

Вистинското олеснување се случува кога ќе го спуштите повикот по триесет минути тежок разговор. Вообичаено, на екранот ве пречекува депресивен ѕид од триесет непрочитани пораки во кои не се знае ни кој пишал, ни што бара.

Кај новата S26 серија, софтверот веќе завршил добар дел од филтрирањето во позадина додека вие сте биле зафатени. Наместо хаос од нотификации, преку функцијата Now Brief, телефонот на врвот на екранот ви вади краток преглед во неколку реченици: кој сервер паднал, каде има измена во проектот и кој рок е поместен.

За оние кои сè уште се заглавени со друг уред (да, ве гледам вас со јаболкото на задната страна), Samsung веќе некое време ја тера веб-апликацијата Try Galaxy. Неодамна ја надградија и мора да признаеме дека завршиле добра работа. Ова не е само евтина козметика каде што иконите едноставно го менуваат изгледот. Преку обичен прелистувач на вашиот моментален телефон, апликацијата ви отвора функционална симулација каде што можете во живо да прочепкате како изгледа ова паметно собирање на пораките, како работи бришењето објекти од сликите и како телефонот се врзува со останатите гаџети. Сосема пристоен потег за секој што сака софтверски да си поигра пред навистина да реши да ги спакува куферите и да направи хардверска транзиција.

3 практични трикови кои реално завршуваат работа:

  • Разделување на звукот (Separate App Sound): Наместете го телефонот така што сите нервозни звуци од нотификации и повици ќе одат исклучиво во вашите слушалки, додека музиката од Spotify за канцеларијата продолжува да си тера во позадина на надворешниот Bluetooth звучник.
  • Пропуштање итни звуци (Ambient Sound / Awareness): Во напредните поставки на слушалките, вклучете ја опцијата што ги препознава специфичните фреквенции како сирена за брза помош или плач на дете. Дури и кога изолацијата на бучава е засилена до крај, системот ќе ги пропушти овие звуци за да не бидете целосно отсечени од реалниот свет.
  • Автоматизација на тишината: Наместете едноставно правило во телефонот (преку Routines) – во моментот кога слушалките се во уши, а телефонот е поставен со екранот надолу на маса, уредот автоматски го придушува светлото, ја вклучува заштитата од ѕиркање Privacy Display и ги „пакува“ сите дојдовни пораки во кратки текстуални извештаи преку Now Brief.

Поентата со овој екосистем е што уредите конечно престанаа да се однесуваат како изолирани острови. Синергијата помеѓу новата Galaxy S26 серија и Galaxy Buds4 покажува софтверска зрелост која навистина ви штеди време и живци на терен, без да ви додева со комплицирани подесувања. Со оглед на тоа што Samsung ветува 7 години софтверска поддршка, ова не е скапа играчка за една сезона, туку сериозна технолошка инвестиција на долги патеки која со секое ажурирање ќе работи сè подобро.

А сега е вистинскиот момент да паметно да инвестирате во нов уред. Со новата промоција на Samsung, кога посакувате многу, добивате уште повеќе. Одберете еден од избраните модели телефони до 12.06.2026 година и добијте подарок Galaxy Tab S10 Lite. Повеќе информации за промоцијата може да дознаете тука.

Фото: Samsung