Фото: Publicis Groupe

За првпат, Самитот Macedonia 2026 во организација на Македонија 2025, ќе му посака добредојде на Томас Лауко, Главен извршен директор на Publicis Groupe за Централна и Источна Европа (CEE), кој ќе биде дел од престижниот панел „Дигитална компетитивност: Вештачка интелигенција, податоци и индустриска трансформација“, што ќе се одржи на 13 мај во Скопје. Како еден од најважните и највлијателни гласови во маркетингот, технологијата и маркетинг трансформацијата во Централна и Источна Европа, првото појавување на Томас Лауко пред македонската публика со сигурност ќе биде една од најочекуваните работи на овогодинешниот самит. 

Томас Лауко поседува ретка комбинација од стратешка визија и оперативна длабочина, водејќи една од најмоќните комуникациски групации на пазарите во Централна и Источна Европа. 

Под негово водство, Publicis Groupe CEE постојано го надминува растот на индустријата кога се работи за имплементирање на иновации базирани на вештачка интелигенција, интегрирани платформи и оперативни модели базирани на податоци, а воедно има и голем удел во позиционирањето на регионот ЦИЕ како глобален центар за градење капацитети преку Центри за извонредност. Во своето излагање, Лауко ќе ја сподели со присутните неговата визија за тоа како вештачката интелигенција и податоците фундаментално ги реорганизираат индустриите и зошто идните лидери мора храбро да ја прифатат и интегрираат технологијата, со креативноста и стратегиите. Истакнувајќи дека неговото излагање нема да биде за иднината, туку за луѓето што веќе ја градат истата. 

„Навистина сум воодушевен што имам можност да ја донесам нашата глобална и регионална перспектива во Скопје и што ќе можам да разменам знаење и искуства со бизнис лидерите што ја обликуваат иднината на земјата и регионот. Кога се комбинираат имагинацијата, технологијата и податоците, не само што се трансформираат бизнисите, туку се трансформира и потенцијалот. Во Publicis Groupe, нашата филозофија „Power of One-Моќта на еден“ значи посветеност на интегрирано и заедничко размислување и функционирање на секое ниво и токму тоа е она што нашата канцеларија го Скопје го покажува секој ден – таа е место каде што локалната брилијантност се среќава со глобалната амбиција и каде што иднината на комуникациската индустрија веќе се пишува“, изјави Томас Лауко, Главен извршен директор на Publicis Groupe CEE.

Самитот Macedonia 2026 е еден од престижните собири на бизнис, индустриски и политички лидери, посветени на унапредување на дискусијата за економскиот развој, иновациите и иднината на индустриите ширум Централна и Источна Европа. 

Томас Лауко  доаѓа во Скопје во година кога Publicis Groupe С. Македонија слави јубилеј, 30 години на креативност, иновации и континуирана трансформација на бизнисите и локалната заедница.

„Како компанија која е дел од поголемото семејство на Publicis, ние ја носиме глобалната визија на Publicis Groupe во Македонија, комбинирајќи ја глобалната “Power of One” култура со суштинско локално знаење, бидејќи локалното и глобалното знаење не се судираат, туку меѓусебно се надополнуваат. Во текот на изминатите три децении, не само што им помогнавме на брендовите да пораснат, туку и активно учествувавме во обликувањето на начинот на кој комуникацијата, креативноста и технологијата се спојуваат на македонскиот пазар. Овие триесет години нè потсетуваат дека смелите идеи, креативност и блиската соработка со клиентите, можат да ги трансформираат не само брендовите и бизнисите, туку и заедницата во која живееме.

И навистина, не постои подобар начин да се одбележи овој јубилеј со тоа што ни се придружува нашиот глобален визионер Томас Лауко во Македонија. На овој начин создаваме можност со сите нас да сподели знаења, да инспирира дијалог и да помогне во обликувањато на иднината на нашата индустрија“, изјави Александра Дилевска, Главен извршен директор на Publicis Groupe Хрватска и С. Македонија. 

Publicis Groupe Македонија е една од најголемите и најнаградувани интегрирани комуникациски компании на пазарот и во регионот, која повеќе од 30 години претставува клучна сила во обликувањето на македонската маркетинг индустрија. Водена од пристапот Power of One, компанијата беспрекорно ја обединува експертизата на агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi, со повеќе од 80 таленти кои испорачуваат комуникациски решенија за различни индустрии. Publicis Groupe Македонија е дел од Publicis Groupe – глобален лидер во комуникациите, присутен во повеќе од 100 земји, со околу 114.000 вработени ширум светот.