Apple денеска ја најави новата генерација на Mac mini, која доаѓа со најновите M6 и M5 Pro процесори. Новите компјутери го задржуваат својот карактеристичен „ултракомпактен“ дизајн, но нудат значително поголема процесорска и графичка моќ, со посебен фокус на извршувањето на задачи поврзани со вештачка интелигенција.
Компанијата истакнува дека основниот модел овозможува до четири пати побрзи перформанси за вештачка интелигенција и двојно побрза графика во споредба со претходните генерации.
Основниот модел со M6 процесорот вклучува 12-јадрен процесор и 12-јадрен графички процесор. Оваа конфигурација стандардно доаѓа со 16 GB обединета меморија, која може да се надгради до 32 гигабајти, нудејќи пропусен опсег до 170 GB/s.
За корисниците кои имаат потреба од поголема моќ за професионални работни задачи, како видео продукција или развој на софтвер, научни истражување и слично, Apple го нуди моделот со M5 Pro чипот. Овој процесор доаѓа со систем од максимум 18 јадра и 20-јадрен графички процесор, со поддршка за најмногу 64 GB обединета меморија со пропусен опсег од 307 GB/s.
Главниот хардверски директор на компанијата изјави дека зголемената процесорска моќ, интегрираните неврални акцелератори и побрзата меморија ја подигнуваат разновидноста на овие компактни уреди на едно ново ниво, правејќи ги соодветни за сложени студиски работни процеси.
Во делот на опциите за поврзување, новите Mac mini компјутери го следат развојот на модерните мрежни стандарди и поддржуваат Wi-Fi 7 и Bluetooth 6. Двата модела стандардно доаѓаат со 2.5Gb Ethernet приклучок за побрза жичана мрежа, со опција за надградба на 10Gb.
На предната страна од куќиштето се сместени два USB-C приклучоци и стандарден аудио влез за слушалки, што го олеснува секојдневниот пристап за корисниците. На задната страна се наоѓаат три Thunderbolt порти, при што верзијата со M6 користи Thunderbolt 4, додека помоќната M5 Pro конфигурација доаѓа со поновиот Thunderbolt 5 стандард, надополнети со HDMI и Ethernet приклучоци.
Дополнително е воведена и „genlock“ поддршка преку USB-C која овозможува прецизна синхронизација меѓу екраните и камерите.
Целосниот потенцијал на хардверот е поддржан од новиот macOS 27 Golden Gate, кој воведува напредни софтверски решенија базирани на новата верзија од Apple Intelligence и новата генерација на виртуелниот асистент Siri AI.






































