Qualcomm неочекувано побара од медиумите да ја заменат презентацијата со тестовите за перформансите за нивниот нов Snapdragon C процесор, наменет за поевтините лаптоп компјутери.
Новата верзија на презентацијата ги изоставува претходно споделените податоци за енергетската ефикасност на чипот кога уредот извршува неактивни апликации или при „сурфање“ на интернет. Овој потег доаѓа речиси една недела по првичната објава на спецификациите.
Новиот процесор е дизајниран за уреди кои ќе чинат околу 300 долари и ветува енергетска ефикасност и одлична работа кај поевтините системи. Според официјалните спецификации, Snapdragon C доаѓа со осум-јадрен Kryo процесор изработен во 6-нанометарска архитектура со максимална работна фреквенција од 3.0 GHz. Чипот вклучува Adreno графика, Hexagon „неврална“ единица и поддршка за до 16 GB LPDDR5x меморија, како и Wi-Fi 6E и Bluetooth 6.0 стандарди за конекција.
Уредите опремени со овој чип ќе користат Windows 11 на ARM архитектура. Оваа платформа значително напредуваше во последните неколку години, со што компатибилноста на апликациите повеќе не претставува пречка за мнозинството корисници. Иако гејмингот останува слаба страна за ARM платформата, тоа не би требало да претставува проблем бидејќи евтините лаптопи примарно не се наменети за играње видеоигри.
Повлекувањето на дел од информациите е објавено на познатиот портал Tom’s Hardware и за истото можете да прочитате повеќе тука.







































