Џон Тернус веќе ги исполнува очекувањата и надежите на голем дел на Apple фанови, а конкретно со враќање на доста поголемо внимание во дизајнот на производите и софтверот. Ова е нешто по кое што беше познат Стив Џобс, па наводно Тернус може да се спореди со него кога е во прашање овој дел од неговата работа како сѐ уште нов директор на Apple.
Оваа информација доаѓа од познатиот Марк Гурман, можеби најпознатиот „следач“ на се што е поврзано со Apple, во неговата најнова неделна објава насловена „Џон Тернус од Apple најде нов шеф за дизајн: себеси“.
Објавата Гурман ја започнува со информација за разговор кој Тернус и Кук го имале пред промената на директорската позиција. Според него, Тернус бил загрижен дали ќе се покажел како што треба на новата позиција и како тој не бил Тим Кук, на што Кук одговорил дека не е, мислејќи на тоа како позитивна работа.
Токму на ова се надеваа доста луѓе, а во голем дел поради тоа што Кук, за разлика од Џобс, беше насочен кон функционирањето на компанијата, продажбата, финансиската стратегија и ланецот на добавувачи, за што е и познат како доста способен, а тука се и односите со владите и приватноста.
Со оглед на тоа што Кук ќе остане како извршен претседател на одборот на директори, може да се очекува дека тој ќе продолжи да се ангажира во овие делови во кои се покажа како најспособен, а остатокот ќе му го остави на Тернус.
Според информациите, Тернус доста често се „вклучувал“ во работата на хардверскиот тим, од каде што и доаѓа, но и кај тимовите за дизајн, како на хардверот, така и на софтверот. Ова е нешто што недостигало во Apple по заминувањето на Џони Ајв, а Тим Кук многу поретко се интересирал за дизајн процесот.
Кратко кажано, засега изгледа како Apple да се враќа во стилот на работа кој го постави Стив Џобс, а сепак ќе мора да почекаме барем една година додека можеме да го донесеме судот за тоа дали навистина е така.
Кога сме на оваа тема, еве ја и најновата објава од Тернус во која тој може да се каже дека до некаде и го потврдува ова како информација.





































