За прв пат во историјата на Македонија, престижната глобална иницијатива Women in Tech® го проширува своето присуство со Women in Tech® Macedonia Awards, церемонија за доделување на признанија на жените, организациите и лидерите кои ја обликуваат иднината на ИТ екосистемот.
Номинациите се отворени до 30ти април 2026. Настанот за доделување на награди и признанија ќе се одржи на крај на мај 2026 година во Скопје, под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р. Гордана Сиљановска-Давкова и во соработка со Министерството за Дигитална Трансформација.
Women in Tech® е водечко светско движење за зајакнување на жените и нивните сојузници во технологијата. Со активно присуство во повеќе од 7 континенти ширум светот, Women in Tech® Awards веќе препозна и награди илјадници исклучителни лидерки, иноваторки и поборнички за промени во соодветна категорија.
Македонија станува дел од оваа глобална мрежа преку Women in Tech® Macedonia Awards, настан со 9 наградни категории и 21 признанија дизајнирани да ги одразат сите димензии на придонес кон технологијата и иновацијата.
Деветте категории се следните:
| 01 | Aspiring Teen Award; за млади жени на возраст 13–21 година |
| 02 | Best Ally Award; за поединци кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост |
| 03 | Most Impactful Initiative Award; за програми и иницијативи со мерлив ефект |
| 04 | Most Disruptive Award; за револуционерни иноваторки |
| 05 | Woman in Web3 Award; за лидерки во блокчејн и децентрализирани технологии |
| 06 | Start-Up Award; за жени-претприемачки во технолошки стартапи |
| 07 | Tech Diplomacy Award; за технологија во служба на меѓународните односи |
| 08 | Global Leadership Award; за жени со исклучително глобално лидерство |
| 09 | Lifetime Achievement Award; за доживотен придонес кон технолошкиот сектор |
Номинирањето е отворено за советници, партнери, институции, академски лидери и претставници на индустријата кои сакаат да ги препознаат заслужните жени и организации од македонскиот технолошки екосистем. Кандидатите можат и самостојно да се номинираат себеси.
Номинациите се евалуираат врз основа на конкретни критериуми и тоа: реален импакт, лидерство, иновација и придонес во заедницата. Бројот на добиени номинации не влијае врз евалуацијата. Исклучително е важно ситеинформации во номинациската форма мора да бидат точни и целосни. Неточни информации ќе резултираат со автоматска дисквалификација.
Ве покануваме да номинирате или да се номинирате себе, преку официјалната онлајн форма најдоцна до 30 април 2026 на овој линк.
Формата е дел од официјалниот процес за номинација на Women in Tech® Macedonia Awards. При пополнување, потребно е да се наведат контакт-информации, организацијата во којашто работите и кратко образложение зошто ја предлагате одредената личност.
Со овие признанија, целта е да се поттикне континуиран успех кај жените во технологијата, да ја зголемиме нивната видливост и да создадеме силен стимул за вистинска, долгорочна поддршка во нашата заедница. Преку препознавање на иновации, тех достигнувања, сакаме да инспирираме нови генерации, да изградиме поинклузивен екосистем и да ја зацврстиме културата на вреднување на знаењето, иновацијата и лидерството во Македонија.










































