Фото: Shutterstock.com

Microsoft официјално потврди дека работи на оптимизација на искористеноста на работната меморија во Windows 11, со фокус на компјутерите со 8GB RAM, меѓу другото. 

Според Паван Давулури, претседател за Windows и уреди во Microsoft, целта е да се намали меморискиот отпечаток на оперативниот систем за побрзо и поодговорно корисничко искуство. 

Објавата Давулури ја означува како надополнување на таа од март во која се најави работа на подобрување на сите критикувани делови од Windows 11, а дефинитивно може да се заклучи дека во месеците што следеа критиките се доста намалени. 

Зголемената потрошувачка на RAM во голема мерка се должи на користењето на WebView2, базиран на Chromium, кој се користи во бројни системски елементи како виџетите, поставките, Старт менито и пребарувањето. Секоја инстанца функционира како засебен таб во интернет прелистувач во заднина. 

Заедно со телеметријата и заднинските сервиси, систем со 8GB RAM може да потроши речиси 6GB во мирување, додека конфигурација со 16GB може да надмине 10GB искористеност пред корисникот да отвори било каква апликација.

За да го реши проблемот, Microsoft изгледа планира префрлање на системските елементи и дијалози кон својата изворна графичка рамка WinUI. За разлика од веб базираните решенија, WinUI не бара вчитување на прелистувачки систем за приказ на интерфејсот, што значително ги штеди ресурсите.

За крајните корисници, ова значи дека постојните компјутери со 8GB или 16GB RAM ќе работат поефикасно при секојдневните задачи како прелистување и канцелариска работа, без потреба од хардверска надградба. Помалата потрошувачка во мирување ослободува повеќе меморија за видеоигри и го подобрува траењето на батеријата кај лаптопите. 

Сепак, уредите со 8GB RAM нема да бидат доволни за локално извршување на модели за вештачка интелигенција, кои бараат повеќе меморија. 

Подобрувањата ќе се воведуваат постепено преку верзиите за Windows Insider, пред да станат достапни за сите до крајот на 2026 година.