Фото: Samsung

По најавата минатата недела дека официјалната надградба на One UI 8.5 ќе започне на 6 мај во Кореја, од денес истата официјално им станува достапна на корисниците во Македонија. 

Како први кои ќе можат да ја инсталираат One UI 8.5 верзијата се корисниците на Galaxy S25 серијата, а во оваа група би требало да се и корисниците на Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, како и нивните претходни модели. 

Една од поважните новини кои доаѓаат со One UI 8.5 е можноста за споделување датотеки со корисниците на Apple, нешто што стана достапно благодарение на Google. 

Како и секогаш, препораката е да се зачуваат сите важни информации од уредот во „облакот“ или на друга локација, па да се направи надградбата, иако ситуациите кога нешто не поминува како што треба скоро и да ги нема. 

Претходна статијаDiscord Nitro претплатата сега доаѓа со Xbox Game Pass 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.