Фото: AI Tech Summit

Вториот ден на AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026 продолжи таму каде што заврши првиот – со прашањето што следува кога AI ќе престане да биде само алатка и ќе стане дел од начинот на кој работиме, создаваме производи, донесуваме одлуки и комуницираме со физичкиот свет.

Main Stage програмата повторно спои различни перспективи: од agentic AI и новите начини на работа, преку автономни системи, AI инфраструктура и роботика, до бизнис одлуките и поширокото прашање за односот меѓу човекот и интелигентните технологии.

Од AI што одговара до AI што презема акција

Една од централните теми на вториот ден беше преминот од AI како алатка за генерирање содржина кон системи што можат да планираат, извршуваат задачи и да станат дел од целосни работни процеси.

Tilman Resch, GTM Germany and CEE во OpenAI, зборуваше за актуелната состојба на AI и за преминот од prompts кон action. Во фокусот беа agentic user experiences, agentic work и agentic engineering, односно начинот на кој новата генерација AI системи веќе почнува да го менува развојот на дигитални производи, knowledge work и software engineering.

На оваа тема се надоврза и Alistair Greenwood, Founder на OmniforceAI, со презентацијата „The Augmented Team: How AI Rewrites the Org Chart“. Тргнувајќи од сопственото искуство со користење AI agent teams во бизнисот, тој зборуваше за тоа каде агентите навистина можат да преземат работа, каде сè уште се нивните ограничувања и како комбинацијата од луѓе и AI може да го промени начинот на кој компаниите ги градат своите тимови.

Практичната страна на оваа трансформација ја продолжи Luca Berton, Founder & CEO Open Empower, кој се фокусираше на она што доаѓа откако AI demo-то ќе профункционира. Неговата перспектива беше насочена кон преминот од прототип до production – инфраструктурата, scaling, observability, security и контролата на трошоците што се потребни за AI системите навистина да станат дел од реалното работење на компаниите.

На инфраструктурната страна на AI се надоврза и Alessandro Vozza од Volt Data Centers, со темата за архитектурата, compute инфраструктурата и инженерските одлуки што стојат зад AI factories и системите што треба да функционираат во голем обем.

Кога AI излегува од екранот

Вториот ден силно го отвори и разговорот за AI во физичкиот свет.

Aishwarya Jadhav од Waymo донесе перспектива од автономните системи, computer vision и perception – технологии кај кои AI не треба само да анализира информација, туку да го разбере однесувањето на луѓето и околината и да носи сигурни одлуки во реално време.

Од автономните возила разговорот се префрли и кон индустриската роботика. Ilya Pavlenkov од Prometheus Robotics зборуваше за роботи што учат нови задачи преку човечки демонстрации – од снимање на податоците и cloud training до автономно извршување, со идеја роботските системи да можат полесно да се обучуваат и применуваат во реални индустриски услови.

Овие теми уште еднаш ја покажаа пошироката линија на Самитот: AI сè помалку останува ограничен на chatbot, апликација или екран, а сè повеќе станува дел од машини, автономни системи и технологии што директно комуницираат со физичкиот свет.

Од подобар модел до подобра деловна одлука

Дел од вториот ден беше посветен и на прашањето што се случува кога AI прогнозата треба да се претвори во реална бизнис одлука.

Irena Bojarovska, Applied Scientist во Zalando SE, преку темата „The Accelerated Scientist: From Forecast Accuracy to Commercial Impact“ се осврна на преминот од фокус исклучиво на точноста на моделот кон неговата реална деловна вредност. Не е доволно прогнозата да биде математички подобра – важно е колку брзо и ефективно може да се претвори во одлуки поврзани со pricing, планирање и комерцијални резултати.

Пошироката перспектива на денот се движеше и кон прашањата за човекот во AI иднината. Dr. Natasha Vita-More, футурист и Human-AI теоретичар, го прошири разговорот надвор од непосредната примена на технологијата кон човечката агенција, напредните AI системи и начинот на кој одлуките што ги носиме денес ќе влијаат врз идниот однос меѓу човекот и технологијата.

Покрај индивидуалните презентации, Main Stage програмата на вториот ден вклучи и две панел-дискусии, кои отворија простор за различни перспективи од меѓународни и локални експерти околу практичната примена на AI, промените што технологијата ги носи во компаниите и пошироките прашања што се отвораат со нејзината сè поголема улога во работата и општеството.

AI Labs ја задржа практичната страна на Самитот

Паралелно со Main Stage, AI Labs и вториот ден продолжи како простор за практични презентации, workshop формати и директна работа со технологии и AI решенија.

Наместо темите да останат само на ниво на концепти, посетителите имаа можност преку презентации, демонстрации и интерактивни формати да видат како различни AI пристапи изгледаат кога се применуваат во реални производи, работни процеси и инженерски средини. Тоа го задржа концептот на овогодинешното издание – Main Stage да ги отвора големите прашања, а AI Labs да покаже како дел од нив изгледаат во пракса.

Од петдневен предизвик до Grand Finale на Main Stage

Еден од најочекуваните моменти на вториот ден беше завршницата на AI Student Hackathon powered by OpenAI.

По пет дена работа на реален AI предизвик, тимовите претходниот ден ги презентираа своите проекти пред жирито, по што беа избрани трите најдобри студентски тима

Во Hackathon powered by OpenAI – Grand Finale, со Lazar Hristov, финалистите ги претставија своите решенија пред публика и жири, со што идеите што започнаа како студентски предизвик стигнаа на главната сцена на Самитот.

Финалето беше и еден од најдиректните примери за концептот што AI Tech Summit го комуницираше во текот на двата дена: младите да не бидат само публика што слуша што може AI, туку да добијат алатки, простор и можност самите да изградат нешто со него. Официјалниот Hackathon беше организиран за средношколски и студентски тимови со пристап до OpenAI алатки и ресурси, а неговата кулминација беше токму Main Stage финалето.

Два дена во кои AI не остана само тема за разговор

Со завршувањето на вториот ден заврши и AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026, кој на 22 и 23 септември во Националната опера и балет во Скопје ги поврза меѓународните и локалните AI експерти, компаниите, инженерите, бизнис-лидерите, студентите и младите таленти.