Само ден откако Qualcomm ги претстави новите Snapdragon процесори, Xiaomi ги објави Xiaomi 18 Pro и 18 Pro Max, кои ги претставува како прва серија телефони со двата нови процесори. 18 Pro го користи стандардниот Snapdragon 8 Elite Gen 6, а 18 Pro Max верзијата Extreme.
Најинтересната новост е екранот за приватност, односно екранот кој е заштитен од туѓи погледи. Хардверската заштита го ограничува гледањето од страна, слично на решението кај Samsung Galaxy S26 Ultra. Предната камера може да препознае кога некој друг гледа во екранот и да го предупреди корисникот.
Двата модели имаат рамни OLED екрани, од 6,4 инчи кај 18 Pro и 6,9 инчи кај 18 Pro Max, со освежување до 120Hz и осветленост до 4.000 нити. Го задржуваат и вториот екран на задната страна, од 2,7 односно 2,9 инчи.
Leica камерите имаат иста резолуција кај двата модели. Главната камера и телефото камерата со перископ имаат по 200 мегапиксели, при што телефото камерата нуди 3,2x оптички зум, а ултраширокоаголната камера има 50 мегапиксели. Предната камера исто така има 50 мегапиксели.
Батериите се со силициум-јаглерод технологија, со капацитет од 7.000 mAh кај 18 Pro и 8.500 mAh кај 18 Pro Max. Полнењето е до 100W со кабел и 50W безжично, а телефоните имаат IP66, IP68 и IP69 заштита.
Двата телефони работат на HyperOS 4 и имаат посебно копче за вештачка интелигенција.
Во Кина, 18 Pro чини од 5.999 јуани, што е околу 900 долари, а 18 Pro Max од 6.999 јуани. Меѓународните цени сè уште не се познати.
За разлика од Xiaomi 17 Pro, кој остана само во Кина, овој пат Pro моделите ќе стигнат и на глобалниот пазар. Не е познато кога точно, но Xiaomi 17 меѓународно се појави во февруари, па сличен рок е веројатен и сега.































![[АНАЛИЗА] Изборот е твој: Кој модел од Galaxy S26 серијата е скроен за твојот дигитален стил?](https://smartportal.mk/wp-content/uploads/2026/09/407-kv-family-galaxy-s26-fe-galaxy-s26-galaxy-s26plus-s26ultra-1200x600-1-218x150.webp)







