Фото: Zulfugar Karimov на Unsplash

Firefox на iOS, кој веќе го вклучува карактеристичниот систем за блокирање на „следачи“, сега добива и дополнителна функција специјално насочена кон блокирање на рекламите. 

Истата не е автоматски вклучена, па корисниците ќе можат тоа да го направат самите во делот „Browsing“ од прилагодувањата на прелистувачот, односно апликацијата. 

Оваа новина не треба да се очекува на Android или другите оперативни системи, а во главно поради фактот што на сите други платформи Firefox има поддршка за додатоци, па корисниците можат да изберат некој од повеќето достапни за блокирање на реклами. 

Firefox дури останува и познат по задржувањето на поддршката за uBlock Origin кој веќе не е достапен, барем на во својата „најмоќна“ форма на Google Chrome. 

iOS како систем е познат по својата затвореност од страна на Apple, па работите одат дотаму што сите апликации како Firefox, мораат да ја користат технологијата на Safari, наместо сопствената. Апликациите можат да додадат поддршка за додатоци, но ограничувањата на iOS прават да повеќето не се одлучуваат за прилагодување кон истите.

Firefox на iOS нема и тешко дека во блиска иднина ќе има можност за додатоци, па одлуката на Mozilla е јасна, односно со додавањето на вградена можност за блокирање реклами, се надоместува ова ограничување на iOS.