Фото: Signal

Почнувајќи од најновата верзија на Signal апликацијата од оваа недела, корисниците добиваат можност да ја поврзат апликацијата со повеќе уреди од досега можното. 

Главната новина тука е можноста да се поврзат дополнителни телефони, користејќи ја истата сметка, односно истиот телефонски број на кого апликацијата е регистрирана. 

Ова ќе им овозможи на корисниците кои користат повеќе од еден телефон да можат да ја користат Signal апликацијата без потреба од креирање на посебна сметка. 

Оваа новина е достапна со верзиите 8.20 на Android и 8.22 на iOS кои беа пуштени во текот на вчерашниот ден. 

Секако, останува можноста на Signal да се инсталира и користи на десктоп компјутерите, како и на iPad, а можноста конечно дојде и кај Android таблет компјутерите. 

Android таблет компјутерите ја добија поддршката благодарение на уредите на преклоп, а од Signal ја истакнаа потребата од прилагодување на корисничкиот интерфејс за овие поголеми екрани. 

Целата објава од Signal, во која тие се потсетуваат на своите почетоци на Android и првото име на апликацијата, TextSecure, можете да ја погледнете тука