Скопје, 12 јуни 2026 година – Тајната за успешна недела без стрес често е скриена во срцето на домот – кујната. Просторот каде храната останува свежа, каде готвењето не се доживува како товар и каде сè е под контрола, ви дава вистинска енергија да се соочите со останатите секојдневни предизвици. Со новата генерација Samsung Bespoke AI апарати, вашата кујна престанува да биде само простор за готвење и станува интелигентен центар за управување.
Фрижидер: Центар за планирање во кујната
Добрата организација започнува со јасен преглед на она што веќе го имате дома. Новите фрижидери Bespoke AI Family Hub се дизајнирани да го направат секојдневното планирање изненадувачки лесно. Со големиот Family Hub екран, вашиот фрижидер се претвора во заеднички простор на семејството кој придонесува да останете поврзани. Од потсетници и листи со обврски до распореди и синхронизирани календари, сите (конечно) остануваат на иста страна. Можете дури и да прикажувате семејни фотографии или брзо да споделувате моменти преку поврзани апликации, со што кујната уште повеќе ќе се доживее како срцето на домот.
И бидејќи неделното купување на намирници никогаш не изгледа исто двапати, флексибилноста е важна. Благодарение на Smart Conversion™, фрижидерот се прилагодува на вашите потреби со пет режими на складирање. Ви треба дополнителен простор за свежи намирници пред фамилијарниот собир? Можете да го претворите замрзнувачот во дополнителен простор во фрижидерот. Сакате да заштедите енергија додека патувате за време на викендот? Одредени прегради можат да се прилагодат или исклучат кога е потребно. Тоа е една од оние мали надградби што тивко го прават животот полесен.
Флексибилни функции за готвење кои се прилагодуваат на секој оброк
Со функцијата Dual Cook Steam™ на „Samsung“ со Dual Cook и Dual Cook Flex рерната, можете да печете и да готвите на пареа истовремено користејќи различни поставки во одделни зони на рерната, што го олеснува подготвувањето поздрави оброци, без компромис по вкус. Или едноставно додајте дополнителна пареа при печење за јадењата да останат крцкави однадвор, а сочни внатре, бидејќи никој не ужива во суво пилешко по толку вложен труд. За брзи моменти со храна која носи удобност и утеха, Air Fry функцијата прави да се чувствувате помалку виновни за приготвување на секојдневните омилени јадења. Од крцкав помфрит до печен зеленчук и парчиња компир, циркулацијата на жешкиот воздух го дава тоа златно крцкање, без потреба од посебна фритеза или дополнително масло.
Енергетска ефикасност и безгрижност
Наместо да погодувате колку енергија трошат вашите апарати, SmartThings ви овозможува да ja следите потрошувачката во реално време, па дури и да ги процените трошоците за електрична енергија директно од вашиот телефон. Можете да поставите месечни цели за потрошувачка на енергија и да добивате персонализирани совети за да помогнете во намалувањето на непотребната потрошувачка. А ако потрошувачката почне да ја надминува вашата цел, режимот AI Energy може автоматски да ги оптимизира перформансите на апаратите за да помогне во намалувањето на потрошувачката на енергија без да ја прекинува вашата секојдневна рутина. Тоа е вид на паметна поддршка што работи тивко во позадина.

Инвестирајте во организирана иднина
Да се донесе сигурна одлука за купување никогаш не е лесно, но кога имате 100 дена да тестирате производ, изборот станува јасен. Бидејќи е важно да се направи вистинскиот избор за чист и уреден дом, „Samsung“ ви ја дава можноста да се уверите дека сте ја донеле совршената одлука. Сега можете да ја искористите специјалната промоција која ви овозможува да ги вратите избраните модели на Jet правосмукалки во рок од 100 дена од купувањето доколку не сте целосно задоволни. Сами искусете ја импресивната моќ на вшмукување и максималната филтрација на прашина и алергени, и уживајте во беспрекорно чист дом.
Истовремено, за да биде трансформацијата на домот и на кујната уште поцелосна, ова лето со себе носи и посебни поволности за совршена свежина во домот. Доколку се одлучите за некој од избраните модели на „Samsung” фрижидери, остварувате право на подарок – практична „Samsung” микробранова печка, создадена да ви го олесни секојдневието. А кога станува збор за долготрајна издржливост и безгрижност за вашата кујна, „Samsung“ нуди 5-годишна гаранција (2 стандардни години + 3 дополнителни години комерцијална гаранција) за одредени апарати за домаќинство.
Оваа долгорочна сигурност, во комбинација со фантастични подароци како што се микробрановата печка и правосмукалката Jet со одредени купувања, го прави преминот кон организирана кујна најдобрата одлука што можете да ја донесете за себе и за вашето семејство оваа сезона.








































