Microsoft започна со тестирање на нови опции за персонализација во рамките на програмата Windows Insider во Windows 11, фокусирајќи се на основните елементи на корисничкиот интерфејс.
Најновата експериментална верзија на оперативниот систем ја враќа можноста за промена на позицијата на долната лента, односно „таскбарот“. Корисниците сега можат да ја постават лентата на горниот, долниот, левиот или десниот раб од екранот, со што компанијата излегува во пресрет на едно од најчестите барања на заедницата.
Дополнително, воведена е и опција за вклучување на формат на помала лента, што е особено корисно за уреди со помали димензии каде секој пиксел од работниот простор е значаен.

Промените го опфаќаат и Старт менито, кое сега нуди значително поголема контрола врз прикажаната содржина. Преку новите поставки, корисниците можат независно да ги вклучуваат или исклучуваат секциите за закачени апликации, препораки и сите апликации.
Ова додава можност за креирање на минималистичко мени кое содржи само конкретни кратенки или пак целосен приказ, во зависност од индивидуалните потреби.

Исто така, додадени се опции за избор на големината на самото мени, како и можност за криење на името и профилната слика заради поголема приватност при споделување на екранот.
Целата објава од Microsoft можете да ја погледнете тука.







































