Фото: Shutterstock.com

Како што е познато, Microsoft ја заврши поддршката за нивниот Windows 10 во октомври минатата година, но тоа не го означи официјалниот крај за овој доста популарен оперативен систем.

За разлика од претходните верзии, за Windows 10 Microsoft овозможи програма за продолжена поддршка и за приватните корисници, покрај за бизнисите и институциите, па системот сѐ уште добива безбедносни надградби од компанијата кои му дадода уште една година животен век.

Одличниот YouTube канал „ExplainingComputers“ објави видео во кое говори на оваа тема, а и ги разгледува можностите за корисниците по октомври 2026. Тука се сервисите кои ќе продолжат да овозможуваат неофицијални надградби, секако тука е можноста за префрлување на Windows 11, како и се повеќе популарната опција за префрлување на Linux.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.