Фото: Samsung

Скопје, 14 април 2026 година – Компанијата „Самсунг“ (Samsung), денес на „CinemaCon 2026“ објави нова стандардна големина од 14 метри за својата Onyx (модел ICD) Cinema LED линија, со што ја проширува платформата во поголеми премиум аудиториуми. Новиот модел е дизајниран за кина со премиум голем формат (Premium Large Format – PLF) и нуди ист квалитет на слика, сигурност и градација што ја дефинираат платформата Onyx на поголемо ниво.

Како што кината го поместуваат прагот за премиум, диференцирани искуства, салите со поголем формат стануваат клучен приоритет за кино-операторите. Новиот 14-метарски формат на „Samsung“ е дизајниран да одговори на оваа побарувачка, овозможувајќи поголема имерзивност, оптимизирани распореди на седиштата и поефикасна употреба на просторот во киното.

„Луѓето одат во премиум кина за нешто што не можат да го рекреираат дома”, изјави Хјунг Џе Ким (Hyoung Jae Kim), Извршен потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во „Samsung Electronics“. „Тоа го подигнува нивото за секој дел од аудиториумот, почнувајќи од екранот. Новиот 14-метарски Onyx на ’Samsung’ им дава на кино-операторите начин да го донесат премиум искуството во поголемите сали, помагајќи повторно да се врати посетувањето кино како дестинација.”

Проширување на премиум кино-искуството со екрани до 20 метри

Од своето деби во 2017 година, Samsung Onyx го прошири она што LED-киното може да го понуди со длабоки црни тонови, богати бои и впечатлив контраст. По минатогодишното лансирање на моделот од 5 метри за бутик-кина и моделот од 10 метри за премиум аудиториуми, „Samsung“ сега ја проширува понудата со стандардна големина од 14 метри, дизајнирана за поголеми кино-простори.

Новиот модел го носи истото основно Onyx искуство, вклучувајќи поддршка за до 4K 120Hz, исклучителна јасност и ултра-глатко движење, додека воведува две карактеристики приспособени на форматот од 14 метри:

  • Пикселна густина од 3,3 мм: оптимизирана за форматот од 14 метри за да испорача остар, конзистентен квалитет на сликата на поголем екран.
  • Поддршка за флексибилно скалирање: овозможува проширување на форматот од 14 метри до 20 метри, повеќе од двојно зголемување на вкупната површина на екранот без компромитирање на квалитетот на презентацијата. Можат да се додадат поединечни ЛЕД кабинети од страните и од дното за да се постигне посакуваната големина, создавајќи беспрекорно визуелно искуство од подот до таванот.

Како прв светски кино LED екран со DCI-сертификат, Onyx поддржува и широки (2,39:1) и рамни (1,85:1) соодноси на сликата. Технологијата HDR на „Samsung“ овозможува врвна осветленост до 300 нити, приближно шест пати посветла од конвенционалните кино стандарди. Onyx исто така постигнува 100% волумен на бои при врвна осветленост, додека неговиот бесконечен контрастен однос овозможува вистински нивоа на црна боја за подлабока имерзија и поголеми детали во темните сцени.

Покрај традиционалните проекции на филмови, Onyx е исто така идеален за алтернативна содржина како што се спортови во живо, концерти, гејминг настани и корпоративни презентации. За разлика од конвенционалните системи засновани на проекција, LED-екранот Onyx обезбедува постојана осветленост и квалитет на сликата без оглед на големината на екранот или положбата на седиштето. Компатибилноста со Dolby и GDC медиумските сервери исто така помага во поедноставено управување со киното.

Onyx ја проширува глобалната примена ширум премиум кината

Откако минатата година го лансираше најновиот Onyx модел (ICD), „Samsung“ го прошири своето присуство во премиум кината преку зголеменото прифаќање од страна на кино-операторите и високопрофилните инсталации. Еден од најновите примери е „Pathé Dar Essalam“ во Рабат, Мароко, каде што најновиот Onyx е инсталиран како дел од новоразвиениот премиум кино-комплекс во луксузниот дел на градот. 

Дизајниран во соработка со седиштето на „Pathé“, објектот е позициониран како водечка дестинација споредлива со Pathé Палатата во Париз, при што сите четири аудиториуми се опремени со Onyx екрани во конфигурации од 10 метри, 5 метри и скалирани 6,4 метри. Со вкупно 12 Onyx екрани, вклучувајќи четири од најновите Onyx екрани, Pathé сега управува со повеќе Onyx екрани од која било друга кино-компанија во Европа.

Моментумот на „Samsung“ со најновата Onyx линија се протега и на Соединетите Американски Држави. Во декември 2025 година, „Trilith Cinemas“ во Фејетвил, Џорџија станаа првите Американски кина кои ја имаа премиерата на најновата генерација на Samsung Onyx cinema LED екрани, инсталирајќи ги во 5 кино-сали. Лоцирани во една од најактивните продукциски заедници во земјата, киното и нуди на публиката средина што одговара на обемот, визуелните детали и креативната намера на продукцискиот процес.

„Иднината на киното е поттикната од иновации кои го унапредуваат начинот на кој публиката го доживува филмот”, рече Бо Чемблис (Bo Chambliss), Претседател на „Georgia Theatre Company“. „Партнерството со ’Samsung’ за донесување на најновиот Onyx Cinema LED во кината GTC Trilith претставува значаен чекор напред. Со исклучителна осветленост, контраст и точност на боите, Onyx поставува нов стандард за перформансите на сликата, притоа останувајќи верен на намерата на филмскиот автор. Неговата доверливост ни овозможува да испорачаме постојано врвно искуство за нашите посетители, природен избор за локација која е толку тесно поврзана со креативната заедница.” 

Посетителите на „CinemaCon 2026“ ќе можат да дознаат повеќе за најновите „Samsung“ кино – иновации на штандот на „Samsung“ во салите „Roman Ballroom“ 1 и 2 во „Caesars Palace“ во Лас Вегас, каде што ќе бидат претставени најновиот Onyx Cinema LED дисплеј, 3D просторно означување без очила и дигитален рекламен (signage) дисплеј од 115 инчи. Од 13 до 16 април, „CinemaCon“ е официјалната конвенција на „Cinema United“ и најголемиот годишен собир на филмската индустрија. 

За повеќе информации, ве молиме посетете ја официјалната страница на „Samsung“.