Фото: Avant2Go

Пред една година, „car sharing“ концептот официјално стана дел од урбаното секојдневие во Скопје, носејќи не само нов начин на мобилност, туку и интересни сознанија за потребите, навиките и секојдневието на скопјани. Колку е популарна услугата меѓу корисниците? Кои се оние што најчесто ја користат? За какви потреби најмногу се одлучуваат за неа и во кои делови од градот има најголем интерес?

Одговорите нудат интересен увид во современиот урбан живот во Скопје, а воедно ја навестуваат и насоката во која ќе се развива овој модерен car sharing концепт кај нас.

Кога Avant2Go car sharing официјално стартуваше во мај минатата година, услугата започна со околу 40 електрични возила и дваесетина локации низ Скопје. Денес, само една година подоцна, флотата брои повеќе од 150 електрични возила, додека бројот на локации е зголемен речиси трипати, со присуство на над 60 фреквентни и значајни точки низ градот.

Меѓу нив се и Меѓународниот аеродром Скопје, централното градско подрачје, трговските центри, деловните зони и густо населените населби – локации кои секојдневно поврзуваат илјадници луѓе и овозможуваат побрзо и пофлексибилно движење низ градот.

Фото: Avant2Go

Како се користи Avant2Go?

Avant2Go функционира преку мобилна апликација и овозможува целосно дигитално користење на услугата. Од креирање профил, избор на најблиска локација и достапно возило 24/7, до резервација, отклучување и плаќање – целиот процес се одвива директно преку мобилен телефон, без физички шалтери, документација или чекање.

Токму оваа практичност е една од главните причини поради која сè повеќе граѓани го избираат car sharing-от како дел од секојдневниот живот.

Според податоците од првата година, услугата најчесто се користи за секојдневни градски потреби – одење на работа, завршување обврски низ градот, средби и активности во текот на денот – но сè почесто и за возења до аеродром, викенд патувања и еднодневни излети надвор од Скопје.

Најактивни корисници на услугата се лицата помеѓу 25 и 34 години, генерација која природно прифаќа дигитални и паметни решенија во секојдневието. Но, интересот за car sharing не се задржува само кај младите. Втората најактивна група се лицата помеѓу 35 и 44 години, а услугата сè повеќе ја користат и лица над 60 години, кои ја препознаваат едноставноста, практичноста и флексибилноста што ја нуди ваквиот начин на мобилност.

Ова покажува дека car sharing полека станува навика кај различни генерации и сè почесто се гледа како реална алтернатива на поседувањето сопствен автомобил.

Во време кога сообраќајниот метеж, недостигот од паркинг места и загадувањето се едни од најголемите урбани предизвици, car sharing услугите низ Европа веќе покажуваат конкретни позитивни ефекти. Според европски анализи за урбана мобилност, едно car sharing возило може да замени од 8 до 10 приватни автомобили во секојдневниот сообраќај. Тоа значи помалку возила на улиците, помал метеж, помала потреба од паркинг простор и директен придонес кон почиста и поодржлива градска средина.

Растот на интересот се гледа и преку бројот на корисници. Avant2Go во првата година се доближува до бројката од 10.000 регистрации – показател дека сè повеќе луѓе се подготвени да создаваат нови, поодржливи навики и да прифатат помодерен, попрактичен и поодговорен начин на урбана мобилност.

Првата година покажа дека car sharing-от повеќе не е само новитет, туку реален дел од модерното урбано живеење. А ова е само почеток на една поголема промена кон попаметна, пофлексибилна и поодржлива мобилност во Скопје.