По неколку години критики, Microsoft оваа година сериозно за нафати на средување на нивниот Windows оперативен систем, па покрај очекуваните најави и ветувања, од компанијата почнаа и со конкретни чекори. 

Покрај работата на подобрување на функционирањето на Windows 11, Microsoft започна и со привлекување на програмерите со неочекуваното претставување на Coreutils алатките изворно во системот, како и со претставувањето на Surface RTX Spark Dev Box компјутерот. 

Како дел од веќе започнатата работа за побрзо функционирање на елементите во Windows 11, од компанијата потврдија дека работат на средување на критикуваните „контекстуални“ менија во системот. 

Се работи за менијата кои се вклучуваат кога корисникот ќе притисне со десното копче од глувчето, во празен дел или врз некоја датотека или елемент. 

Критиките се дека овие менија работат доста бавно, а и се преполнети поради поминатите години на едноставно префрлување на функциите од претходните верзии на Windows. 

Најавите за промена на состојбата со овие менија доаѓа од Маркус Аш, главниот за дизајн и истражување во Windows тимот преку објава на X

Ова не е прва ваква најава за контекстуалните менија, па за нивното поедноставување во File Explorer веќе можевме да прочитаме во ноември минатата година. 

Едно може дефинитивно да се заклучи, а тоа е дека Microsoft изгледа како да ги слуша критиките од корисниците, па оваа година личи дека повеќето од нив ќе биде средени.