Фото: Samsung

Скопје, 7 август 2026 година –  Компанијата „Самсунг“ (Samsung) денес најави дека започнува продажбата на новата Galaxy Z серија и Galaxy Watch линија на светско ниво. Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8, Flip8, Watch Ultra2 и Watch9 се достапни преку продажните партнери на „Samsung“, преку веб страницата Samsung.com и преку искуствените продавници „Samsung Experience Stores“, со почеток на продажбата на 7 август на одредени пазари и проширувајќи се глобално.

Високата рана побарувачка ја одразува растечката возбуда за најновата Galaxy Z серија на „Samsung“, со нарачки на новата серија кои се зголемени за 30% во споредба со претходната генерација. Најпопуларна боја за уредите Galaxy Z Fold8 Ultra и Galaxy Z Fold8 е графитната, додека во нарачките на Galaxy Z Flip8 предводеше розовата. 

Нова Galaxy Z серија: Три различни преклопни искуства

Изградена врз седум генерации на иновации во преклопните уреди и увид во потребите на потрошувачите, новата серија Galaxy Z им дава на корисниците повеќе избор од кога било досега, со три различни искуства создадени да одговараат на различни потреби.

Galaxy Z Fold8 воведува нова и возбудлива форма создадена околу начинот на кој луѓето истражуваат, откриваат и се потопуваат во нивната омилена содржина. Соодносите на екранот на Galaxy Z Fold8 се дизајнирани околу начинот на кој луѓето природно се движат во текот на денот – од брзи интеракции како пишување пораки, пребарување и кратки видеа на поширокиот надворешен екран до поимерзивно гледање, читање и играње игри на главниот екран со сооднос 4:3. Со Gemini Notebook, корисниците можат да ги обединат белешките, сликите, снимките, датотеките и документите во едно трајно работно опкружување за да ги собираат, организираат и развиваат своите идеи.Со само 201 гр., ова е најлесниот Galaxy Z Fold уред на „Samsung“ до сега, додека новата технологија на „Samsung“, Flex Titanium, помага при поддршка на потенката структура на екранот со долготрајна издржливост и намалена видливост на преклопот со текот на времето.

Galaxy Z Fold8 Ultra го носи познатиот Ultra стандард на Galaxy во светот на преклопните уреди, комбинирајќи поголем работен простор со унапреден систем на камери и перформанс создаден за побарувачки креативни работни текови. Неговиот експанзивен главен екран од 8 инчи отвора повеќе простор за мултитаскинг, додека Now Nudge им помага на корисниците да се префрлат од разговор на активност со сугерирање на следните релевантни чекори низ поддржаните апликации. 

Главната камера од 200 MP сега поддржува High Dynamic Range (HDR) во режим со 200 MP за побогати детали, боја и јаснотија. Новата 50 MP ултра-широка камера додава поголема флексибилност за пошироки сцени и макро фотографии, помагајќи им на корисниците да фатат повеќе мигови од еден уред. Кај Galaxy Z Fold8 Ultra, Galaxy Z Fold8 и Galaxy Z Flip8, функцијата Dual Recording ги снима и активноста и реакцијата на корисникот, додека функцијата My FanCam автоматски го следи избраниот субјект и го прекадрира.

Galaxy Z Fold8 Ultra исто така вклучува и 5.000 mAh батерија, брзо полнење на 45W и проширена графитна структура за ладење, сето тоа во најтенкиот Galaxy Z Fold дизајн досега, со само 4,1mm кога е отворен и со тежина од 215 gr.

Galaxy Z Flip8, најстилскиот Flip уред на „Samsung“ претставен до сега, е создаден за изразување и брза интеракција во движење. Редизајнираниот FlexWindow екран ги носи апликациите, увидите, активностите и асистенцијата директно на надворешниот екран. Функцијата Now Brief прикажува персонализирани информации на база на распоредот на корисниците, нивните рутини и интереси. Корисниците исто така може да пристапат и на Gemini преку FlexWindow преку активирање со странично копче или природни гласовни барања, правејќи го завршувањето на поврзани активности во движење уште полесно. Galaxy Z Flip8 дополнително го збогатува препознатливото „Samsung“ искуство со Flip камерата со 50MP камера, ProVisual Engine и FlexCam искуства кои го олеснуваат начинот на креирање, прегледување и споделување на уредени фотографии и видеа од флексибилни агли. 

Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9: Управување со здравјето без напор, директно од зглобот

Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 го прошируваат Galaxy искуството на зглобот, помагајќи им на корисниците да ги претворат дневните здравствени податоци во длабински, значајни здравствени сознанија, едноставно со носење на овие уреди. Двата уреди се напојувани од Snapdragon Wear® Elite платформата и се дизајнирани за да поддржат континуирано следење на здравјето и унапреден перформанс, удобност и животен век на батеријата. 

Galaxy Watch Ultra2 е создаден за авантури на отворено и за корисниците со високи перформанси кои бараат долготрајна истрајност, сигурна издржливост, прецизно следење и прецизно следење. Достапен во големина од 47 Mm, вклучува батерија од 800 mAh, екран со до 5.000 нити осветленост, титаниумско куќиште отпорно на удари и наменски режими за спортови на отворено, вклучувајќи гоTrail Run. Исто така има и IP69K, 10 ATM и EN13319 сертификати.

Galaxy Watch9 е дизајниран како секојдневен здравствен придружник за корисници кои се свесни за својата добросостојба и сакаат да изградат поздрави навики преку континуирано следење на активноста и сонот. Достапен во големина од 40mm и 44mm, Galaxy Watch9 вклучува лесно алуминиумско куќиште, удобен дизајн за носење 24/7, екран со осветленост на екранот до 3.000 нити и здравствени функции како Витални знаци (Vitals), Оценка за здравјето на срцето (Heart Health Score), Дневно кардио оптоварување (Daily Cardio Load), Фитнес индекс (Fitness Index) и Слух (Hearing).

Заедно со новата Galaxy Z серија, Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 го прошируваат екосистемот на „Samsung“ со вештачка интелигенција, носејќи поврзани искуства со придружник низ телефонот и зглобот. 

Достапност

Започнувајќи од 7 август, Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold 8 и Flip8 ќе бидат достапни преку продажните партнери на „Samsung“, преку веб страницата Samsung.com и преку искуствените продавници „Samsung Experience Stores“ на 106 пазари ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија.

Потрошувачите кои ќе купат уред од новата Galaxy Z серија ќе добијат шест месеци пробен период на Google AI Pro, вклучувајќи 5 TB облак-простор за складирање, во вкупна вредност од 6.525,10 денари. Со проширен пристап до најспособните модели на вештачка интелигенција на Google, корисниците можат да ја зголемат својата продуктивност и креативност на преклопливиот екран секогаш кога ќе посакаат.

Префрлувањето на Galaxy сега е полесно од кога било, благодарение на поглатко пренесување низ поширок спектар на уреди. Со ажурираната функција Smart Switch, корисниците на iOS можат да скенираат QR-код на своите моментални уреди и безжично да пренесат податоци без преземање дополнителни апликации. Smart Switch исто така може да пренесе дополнителни типови на податоци, вклучувајќи лозинки и клучеви за пристап, историја на повици, поставки за пристапност, eSIM податоци и друго, помагајќи да се намали времето потребно за поставување на новиот уред. Дополнително, со новата компатибилност на Quick Share со AirDrop, споделувањето датотеки помеѓу iOS и Galaxy уреди сега е беспрекорно во двете насоки. 

Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 исто така ќе бидат достапни започнувајќи од 7 август преку продажните партнери на „Samsung“, преку веб страницата Samsung.com и преку искуствените продавници „Samsung Experience Stores“ на 106 пазари ширум светот.

Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8 се достапни во опсег на бои, вклучувајќи нијанса на виолетова сенка, лаванда и розова, соодветно. Galaxy Watch Ultra2 е достапен во големина од 47 мм, додека Galaxy Watch9 е достапен во две големини: 40 мм и 44 мм. Бојата, големината и можностите за поврзување може да варираат во зависност од пазарот, добавувачот или продажниот партнер. 

Корисниците на Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9 можат да пристапат до ексклузивна 60-дневна бесплатна „Strava“ претплата за премиум функции, во вредност од 23,98 американски долари.

За повеќе информации за Galaxy Z Fold8 Ultra, Galaxy Z Fold8, Galaxy Z Flip8, Galaxy Watch Ultra2 и Galaxy Watch9, посетете ја страницата Samsung.com.